Во 2020 година, НФФ продолжи со фокусирани и прилично интензивни активности во подобрувањето на руралните средини и развојот на земјоделството, засновано врз пристапот за човекови права.
Нагласувајќи дека глобалната пандемија на Covid19 влијаеше и на нашата земја, НФФ мораше значително да го смени начинот на работата и брзо да се прилагоди на новонастанатите околности, така што интензитетот на активности не се намали, напротив резултати уште повеќе се зголемија.
Поддршката на земјоделците во ова кризно време беше од најголем интерес и фокус на активностите на НФФ, бидејќи повеќето од малите земјоделци, земјоделски домаќинства се најдоа на работ на сиромаштија и неизвесност. Дополнителните одговорности да се грижат за школувањето на нивните деца и ограничувањето на движењето значително ја комплицираа нивната секојдневна рутина и ги оптеретуваа со повеќе задачи и помалку можности за работа и продажба.
Промените што беа направени во владините институции во септември 2020 година заради формирање нова Влада не влијаеја на воспоставената комуникација и соработка со МЗШВ и НФФ верува дека воспоставените и функционални механизми со МЗШВ ќе продолжат и понатаму ќе се развиваат. Врските на НФФ со МЗШВ не се поврзани само со политичкото раководство и органите за донесување одлуки, туку и со администрацијата во рамките на Министерството. НФФ разви мрежа со претставници на државните релевантни институции и успева да одржува добра и отворена соработка. Се чини дека владата и државните органи сфатија дека НФФ е еден од најголемите играчи во земјоделскиот сектор во нашата земја, и НФФ е еден од најсилните гласови на земјоделецот. Нашите позиции за различни прашања се сметаат за витални и важни што ги има се докажа со вклучување на НФФ во дискусиите и заклучоците на седниците на Владата како релевантен партнер за комуникација и дискусии за мерките за поддршка на земјоделскиот сектор, но и во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при Собранието на РМ.
Соработката со We Effect претставува важна и моќна поддршка на НФФ во нашата мисија и визија, како и многу важен сојузник во борбата за општество со поголема правда во земјата, што уште еднаш беше потврдено во овој кризен период.
Проекти
НФФ во 2020 ги реализираше следниве проекти:
1. Институционална поддршка на НФФ / „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите категории во Република Северна Македонија 2020“ , подржани од Шведската организација за развој и Сида
2. From Disability to FoodAbility, поддржан од We Effect и Radiohjälpen
3. Учество во Националниот Конвенција на Европска Унија во Р Македонија
4. Националната федерација на фармери е дел од рагионалната кампања „Зајакнати жени, зајакната економија“ подржана од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH во рамките на проектот „Поддршка на диверзификација на економските активности во руралните подрачја на Југоисточна Европа“ и GIZ Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Правни реформи.

Подрачја на работа
Во 2020 НФФ работеше на следните подрачја:
• Организациски равој
• Информирање и едукација
• Лобирање и Застапување
• Родова рамноправност
• Обезбеденост со храна и економско зајакнување
• Поддршка на лица со попреченост во руралните средини

РЕЗУЛТАТИ И ПОСТИГНУВАЊА
5 Состаноци на УО
1 Годишно Собрание
11 Состаноци на потсекторски групи
1 Анализа за потреби на членство
3 броја Моја Земја
3 броја Тока Име
3 Инфографици
15 Подготвени барања со содветни анализи, ставови, предлози и препораки и доставени до надлежните институции за адресирање на проблемите во земјоделството и корона кризата, откупот со јагнето, пченицата, грозјето, зелката, предизвиците со кои се соочуваат жените и млади, реализиарање на мерките од државните програми за земјоделство и рурален развој и ИПАРД . Доставен предлози за Новата новата стратегија за земјоделство и рурален развој 2021 – 2027
13 Реализирани средби со институции и консултации околу НФФ предлозите
Еден Прирачник за женско претприемништво
Еден Инсертер “Успешни приказни за рурални жени и имотните права”
Шест Интервенции за поддршка кај локални организации (членки на НФФ) во делот на економско обединување и справување со предизвиците во земјоделството и подготовка на шест бизнис планови
38 подигнати пластеници за современо производство на храна кои се егзистенција на лизацата со попречености
Реконструирани 2 сточасрки фарми кои се егзистенција на лизата со попречености
Формирање на нова фукус група на жени – фармери за производство на слатко од смокви
Фромирање на фокус група за заеднички настап на пазарот во Самоков
Поддршка за прераснување на фокус групата во Тимјаник во локално здружени „Шира“ со основна дејност производство на маџун.
Два Земјоделски Саеми
Еден Земјоделски форум за корона кризата и земјоделството
Два НФФ зум форуми за презентација на анализата на НФФ за маргинализираните групи, анализата за нарушените пазарни синџири и анализата за финансиски производи
Организирање на Меѓународниот ден на руралната жена
Две едукативни обуки за млади фармери во делот на нивно обединување и човековите права
Два состанока за проценка на потребите кај младите и жените фармери
Осум Онлајн обуки со членство “ЕУ и земјоделството“
Анализа “Земјоделство и Корона кризата”
Анализа “Информации за финансиските производи достапни за малите фармери во руралните средини”
Анализа “Проблемите и предизвиците на маргинализираните групи во руралните средини за време на ковид пандемија”
Анализа “Нарушени и прекинати пазарни врски во земјоделство како резултат на Корона кризата и препораки”
Анализа ” Потреби за интервенции во 18 општини за подобар пристап до јавни услуги на лицата со попреченост”
Анализа “Маркетинг и пласирање на производи од лицата со попреченост со акцент на поврзување со општествено одговорни претпријатија”
134 Објави во медиумите
20 реализирани гостувања во медиуми
Документарен фил „Невидливи потпори во руралните средини“
Реализација на кампањата „Купувајте домашни земјоделски производи“
Редизајнирање на НФФ веб страната со нов изглед и повеќе информативни содржини
1000 Постери за јавна кампања Купувајте домашни земјоделски производи
10 000 Флаери за јавна кампања Купувајте домашни земјоделски производи 10,000
Пет обуки за пристап базиран на човекови прави со локалните иснтитуции и родова рамноправност
Шест обуки за грижа на лица со попреченост
Шест обука за права и социјална заштита на лица со попреченост
Една обука за користење на дигитални асистивни технологии и софтвер кај лица со оштетен вид
Една Анализа на потребите и можностите за изградба на пластеници кај лица со попреченост
Еден прирачник за оддржливо користење на пластеници
Еден прирачник за обука кај лица со попреченост 1