Почитувани земјоделци,

Помина една од најтешките години за нас земјоделците,штетите од Корона кризата беа огромни за сите нас, дополнителни проблеми ни предизвикаа и климатските промени ,проблемите со водоснабдувањето во некои региони, и од друга страна за сите земјодески гранки откупните цени беа ниски.
Ковид кризата направи многу отстапки од начинот на работењето и живеењето на секој човек па исто така и за нас земјоделците. Ние како ко и сите други луѓе, стравувајќи за сопственото а и за здравјето на нашите најблиски се најдовме во ситуација да мораме да ги обработуваме нивите а во исто време и да ги почитуваме сите мерки кои што се носеаа за справување со Ковид кризата. Покрај специдичните услови за работа и во организацијата брзо се организиравме и со брзите интервенции кои што ги направивме во НФФ и добрата соработка на УО и Главната канцеларија успеавме да не ја прекинеме нашата работа и во вонредни услови непрекидно работевме и функциониравме бидејќи таа Корона криза го погоди и земјоделскиот сектор со огромен број на проблеми во самиот старт на кризата. НФФ направи огромен број на комуникации со сите наши членови и врз база на сите ваши проблеми и ситуации дневно подготвувавме барања и препораки кои што ги доставуваме и до МЗШВ И ДО КРИЗНИОТ ШТАБ НА ВЛАДАТА се со цел да се ублажат последиците врз земјоделството од корона кризата.
Посебен акцент во НФФ беа барањата за регистрираните земјоделци каде што не беа вклучени во антикризните мерки на државата и каде што ние многу пати реагиравме и баравме поддршка од платежните ваучери и минималните плати и за регистрираните земјоделци и вклучување и на индивидуалните регистрирани земјоделци во добивање на бескаматните кредити од Развојна банка.
Ковид кризата ни покажа колку навистина е значајно и важно земјоделството и руралниот развој за опстанокот на државата, од друга страна ги истакна предизвиците со кои се соочува македонското земјоделство и нашите земјоделци. Здравствената и економска криза предизвикана од Корона Вирусот направи нарушување на пазарните синџири и создаде дополнителни проблеми во дистрибуцијата, затоа треба да се дејствува на дoмашен план и да се купуваат домашни земјоделски производи. На самиот почеток на кризата најмногу оштетени беа сточарите со продажбата на јагнето, млекото, потоа следуваа пољоделците ,лозарите со продажбата на грозјето , градинарите со продажбата на пролетната зелка и на крај и тутунарите
Знам дека сите Вие во овие тешки денови бевте со мисла дали да се откажете од производството на храната ,но ние не би биле земјоделци ако не сме борци во душата и ако не продолжиме да го работиме тоа што најдобро го знаеме –ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Затоа ние треба да го штитиме нашето домашно произвдоство и да не дозволуваме да станеме сто проценти зависни од увозната храна. Тоа ќе е страшно и за нас земјоделците, но и за сите граѓани во државата, бидејќи ќе се купува многу поскапа храна.
За таа цел Националната федерација на фармери спроведе кампања „Купувајте домашни земјоделски производи“ подгови и промо видео, започнува со делење на флаери и постери во сите пазари и супермаркети во повеќе населени места се со цел да ја разбудиме свеста кај потрушувачите да купуваат од македонските земјоделски производи и со тоа да помогнат на 180 000 земјоделски стопанства кои егзистират од земјоделството, 45% од македонското население живее во рурални средини, кои зафаќаат 87% од вкупната површина на Македонија.
Корона пандемијата само ги истакна проблемите и предизвиците во земјоделскиот сектор и руралните средини пред се тоа неорганизираниот откуп, немањето договорено производство,недостатокот на работна сила, дискриминација и заборавеност на маргинализираните групи во руралните средини а пред се тоа се младите, жените, лицата кои живеат на прагот на сиромаштијата, лицата со попречености
Оваа година со цел да укажеме на проблемите и предизвиците на жените од руралните средини подготвивме и мини документарен филм со наслов „Невидливи потпори во руралните средини“, со цел да укажеме на важноста на женатата во селата и потребата од нејзиното економско јакнење и слушање на нејзиниот глас пред локалните и националните институции.
Во оваа нова реалност на површина треба да излезат вистинските вредности кои што секој еден човек треба да ги поседува во себе,човечноста,присебноста,да се подаде рака на оној кој што му е потребно и да се помогне колку што се може.
Токму во овие ситуации многу е важно да се подаде рака и вистински да се препознае потребата на луѓето на кој што може да се подаде рака . За жал во руралните средини има многу маргинилизирани и невидливи лица на кои што им е потребна подадена рака и поголеми заложби за нивните права и од страна на државните институции но и од страна на невладиниот сектор. Едни од тие маргинализирани лица во рурални средини се и лицата со попреченост
Националната федерација на фармери заедно со We Effect и Radio – aid направи мал чекор и им подаде рака на овие лица од рурални средини со тоа што го имплементира проектот „From Disability to FoodAbility” за да се поттикне и помогне на семејствата да ги развијат своите знаења и вештини во однос на своите основни права, нивно вклучување во процесите на донесување одлуки, зајакнување на мерките за поддршка на локално ниво и подобрување на политиките на национално ниво. Во рамкте на проектот се мапирани 28 семејствa во чии семејни дворови веќе се изградени и поставени пластеници за производство на земјоделски производи и реновирани се две сточарски фарми. Семејствата во овие пластеници ќе можат да си произведуваат земјоделски производи кои што ќе им бидат дополнителен приход во домашниот буџет. Со овој проект се надевам ќе придонесеме за разбудување на свеста и кај невладините и владините институции да се креираат мерки и проекти за уште поголема поддршка во иднина за овие лица од рурални средини.
Многу е важно во овие тешки години не само за нас земјоделците, туку и за сите граѓани да постои транспарентниот, отворениот и граѓанскиот дијалог помеѓу државните институции и невладините организации. Треба да се слушне вистинскиот глас на земјоделцот и нивните потреби, за да се градат практични земјоделски политики и законите.
Мора и јавно да зборуваме дека нашите рурални места се соочуваат со големи проблеми, ограничен пристап до надлежните институции, образовните и здравствените институции и не така добра инфраструктура. Сето ова резултира со потикнување на миграцијата, однсоно младите со години наназад ги напуштаат селата и заминуваат во градовите, а сега и во други држави, барајќи подобра егзистенција.
Она што би сакала да истакнам во име на Националната федерација на фармерите дека во изминатиот период НФФ работеше доста на лобирањето и во оваа година постојано ги истакнувавме проблемите и нудевме решенија кај откупот на земјоделските производи.
Во името на тимот на Националната федерација на фармерите Ви се заблагодаруваме на сите Вас за отворената соработка изминатава година. Со ваша поддршка веруваме дека 2021 година ќе биде година на повпечатливи успеси во земјоделието.
Само обединето со заедничи дијалог може да одговориме на предизвиците. Вратата на Националната федерација на фармерите е отворена за сите кои заедно со нас сакаат да работа во насока на развојот на земјоделството и селата. Нашиот приоритет ќе биде лобирањето во насока на решавање на проблемите со пласманот , наоѓање на решенија за подобар живот на земјоделците, младите и жените од руралните средини и социјалните маргинализирани групи кои живеат во селата.
Би сакала како претседател на Националната федерација на фармерите да Ви честитам на храброста што ја работите најблагородната работа –земјоделство и од срце да Ви посакам никогаш повеќе да не се соочиме со вакви загуби во работата.
Да ги оставиме негативните работи од оваа година позади нас и со добра мисла и нов елан да ја започнеме новата 2021 година.
Од срце сакам да ви посакам многу здравје на Вас и вашите фамилии и многу род со добра цена на вашите полиња и фарми . СРЕЌНА И УСПЕШНА 2021 година.

Со почит
Васка Мојсовска
Претседателка на Националната
Федерација на фармерите