4 C
Skopje
Thursday, April 15, 2021

Преку проектот „From Disability to FoodAbility”реновирани две сточарски фарми

Реновирани две сточарски фарми кои се дел од егзистенцијата на две семејства кои имаат лица со попречености и живеат во рурални средини. Една од фармите е краварска фарма, која се наоѓа во скопското село Долно Количани. На фармата работат таткото Самуш и синот Бесим, кој има седумнаесет години и завршува средно стручно образование за преработка на месо. На ова семејство преку проектот „From Disability to FoodAbility”, имплемениран од Националната федерација на фармери, а поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjälpen е реновирана фармата со кои се овозможени условите за правилна хигена на сточарска фарма и подобра работа на земјоделците. Унапредувањето и проширувањето на фармата ќе овозможат и зголемување на бројот на грла добиток што крајно ќе влијае на подобрување на егзистенцијата на семејството, каде што сточарството е главен извор на приход во семејството. Посетата од страна на НФФ беше реализирана на 19.12.2020 од страна на Стеванче Јорданоски, член на УО на НФФ и Виданка Мартиновска, проект кординаторка во НФФ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,793FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles