8 C
Skopje
Thursday, April 15, 2021

ЗУМ презентација на “Анализата на информации за финансиски производи достапни за малите фармери во руралните средини” и “Анализата за нарушените и прекинати пазарни врски во земјоделството како резултат на корона кризата и препораки за нивно надминување на краток и среден рок ”

Националната федерација на фармери организира Zoom средба на која беа промовирани “Анализата на информации за финансиски производи достапни за малите фармери во руралните средини” и “Анализата за нарушените и прекинати пазарни врски во земјоделството како резултат на корона кризата и препораки за нивно надминување на краток и среден рок ”. Анализите се изработени во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ поддржан од Шведската развојна организација We Effect.
„Овие анализи се посебно значајни бидејќи ја покажуваат реалната состојба на земјоделците во државата. Во последните пет години се забележува слаба кредитна активност од страна на земјоделските стопанства, бидејќи сѐ уште не е доволно развиен пазарот на кредити во земјава. Скоро и да не постои разлика во финансиското однесување помеѓу оние домаќинства што остваруваат помал годишен приход од МКД 1.300.000 од оние што остваруваат поголем од овој приход. Потребно е да се работи во насока на развивање пазарот на кредити, како и на факторинг и лизинг услугите во земјоделството. Особено е изразена потребата од воспоставување на државен гарантен фонд и кредити димензионирани за малите фармери.
Корона кризата ја истакна важноста и потребата од стабилен систем на храна што функционира во секакви околности и што е во состојба да обезбеди до потрошувачите доволно и континуирано снабдување со квалитетна храна по достапни цени. Пандемијата исто така ја истакна улогата на земјоделските производители во синџирот на снабдување со храна. Малите земјоделски производители се најранливата категорија, бидејќи тие истовремено мораат да се справат со шокот предизвикан од корона кризата, како од здравствен, така и од економски аспект. Глобалната криза всушност ги продлабочи проблемите со кои и онака се соочуваат земјоделците, особено оние кои се на работ на одржливост. Анализата за наружени пазарни врски покажа дека од анкетираните 90 лица истакнаа дека 98% од ковид пандемијата најпогодени во синџирот на чинители се примарните производители. Од друга страна земјоделците 82% од нив истакнаа дека корона пандемијата ги поттикна да размислуваат за нови стратегии, канали, инвестии за реализација на продажба“ потенцира Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.
„Анализата за информации за финансиски производи достапни за малите фармери во руралните средини“ е подготвена од страна на професорките од Факултетеот за земјоделски науки и Храна Ана Симоновска и Ивана Јаневска во соработка со Национаната федерација н афрмери. Анализата ја потврдуваат тезата дека малите фармери не располагаат со сите информации околу достапноста на финансиските инструменти во земјоделскиот сектор, како и начинот на кој истите може да се искористат. Во таа насока, неопходно е континуирано зголемување на свесноста, пропратено со активности за доедукација и зголемување на финансиската писменост на земјоделците. Во подготовката на анализата се користи метод за приоритизација на понудата на финансиски производи што укажа дека фармерите поголем приоритет даваат на финансиските производи обезбедени преку институциите во однос на комерцијалните банки и штедилници, и тоа главно преку ИПАРД програмата, програмата за рурален развој, но ја препознаваат и Развојната банка и нејзината соработка со деловните финансиски субјекти како позначајна за подобрувањето на пристапот до капитал во земјоделството.

Васко Хаџиевски од Шведската организација за развој We effect, долгогодишен партнер и поддржувач на активностите на НФФ истакна дека досегашните достигнувања се резултат на голем напор и залагање од страна на Националната федерација на фармери заедно со We effect. Тоа што е важно и на што треба да се работи во следниот период во земјоделството е маркетингот и финансиската инклузија. Преку проектот Институционална поддршка на НФФ и неговата компонента „ Обезбеденост со храна на најранливите заедници во РСМ“, Националната федерација на фармери даде позитивен пример на работа во две фази. Прва фаза, истражување и втора фаза, активности и делување врз основа на спроведено истражување. Тој истакна дека науката често се заборава а НФФ преку вакви активности покажа кокку етоа важно и колку е посебно важно заедничкото дејствуивање на науката и праксата.

“Анализата за нарушените и прекинати пазарни врски во земјоделството како резултат на корона кризата и препораки за нивно надминување на краток и среден рок” е подготвена од страна на професорките на Факултет за земјоделски науки Александра Мартиновска, Емељ Туна и Марина Нацка. Анализата потврди дека Корона кризата ја истакна потребата за прилагодливост и издржливост на земјоделските стопанства. Кај дел од испитаниците, корона кризата предизвика затворање на вообичаените канали на продажба (на пример ХОРЕКА, синдикати, зелени пазари). Поради тоа, некои од нив ги продале производите директно на трговци по пониски цени, дел од вишоците се фрлени, дел оставени на нива, а во сточарството, грлата наменети за продажба се задржани за приплод или за продолжено гоење. Затворањето на некои канали на продажба на некој начин принудува изнаоѓање или зајакнување на други канали, како на пример преку директната продажба, директната испорака или е-трговијата, или нови стратегии, на пример преку нов пристап кон пазарот со конзумни пакувања и сл. Одредувањето на критичните точки во синџирот зависи од перспективата од која се разгледуваат. Земјоделските производители, претставени преку испитаниците во анкетата, сметаат дека тие се најпогодени од корона кризата, а впрочем и искуствата од други земји ги посочуваат малите земјоделски производители меѓу најкритичните во земјоделско-прехранбените синџири. Како критични делови во синџирот, од страна на побарувачката за земјоделска суровина, се истакнуваат појавата на намалена комуникација особено кај малите земјоделски производители, пречките во поврзаноста со компаниите и пазарот, ниската свест за потреба од промени, како и драстичниот пад во ХОРЕКА каналот на продажба. Како дополнителни критични делови во синџирот се јавуваат и релациите со добавувачите на инпути/репроматеријали (прекинати врски со добавувачите, недостаток на техничка поддршка на терен, недостаток на состаноци и директна комуникација).

На настанот присуствуваа претставници од институции, амбасади, организации и лица со попреченост од руралните средини на Република Северна Македонија. Настанот е во организација на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,793FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles