Националната федерација на фармери организира Zoom средба на која беше промовирана Анализа на потребите, предизвиците и ризиците на маргинализираните групи во руралните средини погодени од корона кризата . Анализата е изработена во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ поддржан од Шведската развојна организација We Effect. Анализата е спроведена врз 150 испитаници во скопски, полошки, вардарски, пелагониски,југозападен, североисточен, источен и југоисточен регион во државата. Целни групи на анализата се лица со попречености, семејства и лица во социјален и економски ризик, лица без приходи, лица со потреба од постојана нега и поддршка.

„Студија има за цел да утврди влијанието на КОВИД 19 кризата врз подигање на јавната свест во однос на ризиците по здравјето на населението, пристапност до јавни услуги, пристап до пазарите за пласманот на земјоделски производи и производи кои домаќинството на испитаникот ги пласира на пазарите, приходите за живот на домаќинствата на испитаниците на пример: отплаќање на кредити, земјоделски инпути, можности за вработување, зачувување или губење на работното место, можности за користење на мерки на Владата, и тн., човечки капитал – зголемување на руралната популација преку поврат на одреден број на внатрешно и надворешно мигрирани жители во руралната средина; врз капацитетите на населението како што се образованието и здравствената состојба и сл., пристап до јавен транспорт и социјална исклученост на маргинализираните групи“ истакна Васка Мојсовска претседателка на Националната федерација на фармери. Мојсовска потенцира дека во рамките на Националната федерација на фармери се спроведува и проектот „From Disability to FoodAbility” поддржан од We Effect и Radiohjalpen и има за цел да поттикне  и помогне на семејствата на лицата со попреченост да ги развијат своите знаења и вештини  во однос на своите основни права, нивно вклучување во процесите на донесување одлуки, зајакнување на мерките за поддршка на локално ниво и подобрување на политиките на национално ниво. Во рамките на проектот се мапирани 28 семејствa на лица со попреченост во чии семејни дворови веќе се изградени и поставени пластеници  за производство на земјоделски производи.

Имено истражувањето покажа дека ограничувањето на движењето на почетокот на корона кризата  претставувало најголем проблем за испитаниците од категориите на лица во социјален и економски ризик. Имено, тоа е проблем за 37,7% невработените лица, 47,1% лицата со ниски приходи и 40,0% корисниците на права од социјална заштита. Додека, за 23.5% од испитаниците со ниски приходи проблем претставува социјалната дистанца.  Испитаниците се соочиле со проблеми поврзани со пристапот до здравствени институции меѓу кои најчест е пристапот до услугата мој термин на чија непристапност се пожалиле 12.0% од корисниците на парични права, 11.3% од невработените и  за 7.8% од лицата со ниски примања. Во услови на КОВИД 19 кризата потреба од дополнителни мерки од системот на социјална заштита имале 52,1% од невработените испитаници, 76,0% од категоријата на корисници на парични права од социјална заштита, и 41,2% од категоријата на невработени лица. Високи 95.8 % од испитаниците со ниски приходи, 96.5% од корисниците на парични права од социјална заштита и сите невработени лица сметаат дека не се создадени нови можности за земјоделско производство. Ковид кризата за најголем дел од испитаниците не донесе нови можности за сезонски вработувања во земјоделието, дури 37,7% од невработените и 20.0% од корисниците, како и 38.9% од лицата со ниски примања сметаат дека можностите се намалени.Нема испитаник од оваа категорија кој смета дека дошло до зголемување на пласманот на производите. За 39.3% од лицата со ниски примања, 37,7% од невработените и за 24.0% корисниците на парични права од социјална заштита, дошло до негово намалување.

Авотр на анализата која е иницирана и подготвена од Националната федерација на фармери е проф. д-р Светлана Трбојевиќ, Институт за социјална работа и социјална политика при Филозофски факултет во Скопје.

На самиот почеток на конференцијата се обрати Енвер Хусејин, заменик министер труд и социјална политика кој изрази благодарност до организаторите, НФФ кои со овој настан ги адресираат проблемите на маргинализираните групи од руралните средини.  Тој истакна дека руралните средини потешко се справуваат со директните  и индиректните последици од пандемијата, пред се поради ниските приходи со кои располага руралното населението и одалеченоста од градовите, што го прави овој дел на населението особено изложен на последици на кризата. Токму поради таа цел тие како Министерство треба да ги стават сите капацитети и ресурси на расплагање (системски и човечки) и да стекнуваат сознание за ризичните и маргинализирани групи  се со цел нивно јакнење и да дефинираат приоритетите во обезбедувањена соодветни социјални услуги за овие групи на граѓани. „Предвидуваме мерки и услуги за вработување на лица со фокус во зависност од нивните специфиики и така ги адаптираме нашите услуги. Ние направивме прилагодување и модифицирање на програмите за подобрување на положбата на овие групи и за тоа е потребен е отворен пристап, односно консултации со релевантни институции и засегнати страни особено значајна е соработката со граѓанскиот сектор. Тој посочи дека со општините се склучени договори за грантови за реализација на социјални услуги-како што е помош и нега во домот за стари лица и лица со попреченост“, потенцира Хусејин.

Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии истакна  “ Здравствената криза направи значително влошување на опружувањето, намален прилив на парични дознаки, додека ограничувачките мерки за социјално дистанцирање имаа влијание врз дејностите-трговија, угостителство, транспорт и други. Домашната економија ја почуствува една од најдлабоките кризи до сега и шок имаше на страната на понуда и побарувачка, што беше не само кај нас туку на глобално ниво.Во однос на буџетот за 2021, поддршка се дава за непречено финансирање на основите функции на државата, тука влегуваат социјалните трансфери кон ранливите категории во општеството. Среднорочната стратегија за 2021-2025 е составена од 4 столба, еден од нив е забрзан и инклузивен  општествен  раст.“

Славица Димовска, корисник на Проектот за социо-економско зајакнување на лица со попреченост од руралните средини потенцира дека иако е  во ризична група а истовремено живее сама, така што нема избор и мора секојдневните обврски  да ги извршува самата.   “Живеам со 4300 денари парична помош и нешто ако заработам од плетените работи што ги изработувам. Ме разочара што не добив помош со платежните карички Купувам домашно. Прашував и се интересирав мислејки дека ми следува бидејки живеам со малку пари. Но добив информација дека немав право на такви картички, бидејќи таа помош следувала само на невработени и  вработени со минимална плата.  Мислам дека социјалните случаи како мене требаше да добиеме такви картички.  Јас сум цел живот сама, и сама се борам за своите права и за се што ми следува. “-посочи Славица.

Васко Хаџиевски од We Effect потенцира дека We Effect заедно со  Radiohjälpen го финансираат проектот „From Disability to FoodAbility“ а партнерскaта организација е Националната федерација на фармери. Тој на присутните им појасни дека средствата за овој настан се собрани на голем хуманитарен настан Music Aid,  кој секоја година пред Божиќ се организира во Шведска и дека дел од собраните средствата на овој настан  од страна на Radiohjalpen се дадени за реализација на овој проект.

 “Ме радува што проектот за лица со попреченост од руралните средини „From DisAbility to FoodAbility“ успеа да се реализира, кога ќе се земе во предвид дека се реализираше во ковид пандемија и сметам дека мултидисциплинарноста на овој проект придонесе за негово успешно реализирање.” –истакна на почетокот на своето обраќање Деканот проф. д-р Ратко Дуев .

Резултатите на проектот „From Disability to FoodAbility” се презентирани од страна на проф. д-р Наташа Станојковска – Трајковска од Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет , а посебен осврт на реализираните активности за пластениците се дадени од страна на Виданка Мартиновска, проектна кординаторка во НФФ.

На настанот присуствуваа претставници од институции, амбасади, организации и лица со попреченост од руралните средини на Република Северна Македонија. Настанот е во организација на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect.