18.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

НФФ преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите категории во Република Северна Македонија 2020“ додели поддршка за производство на храна на здружението Фармер од Прилеп.

Ковид пандемијата само ги истакна проблемите и предизвиците во земјоделството. Едни од предизвиците се недостаток на сезонска работна сила и зголемување на цените на одредени репроматеријали за производство на сточна храна, која и директно влијае на зголемување на цената за производство на млеко, додека продажната се намалува, а сето тоа влијае и на квалитетот на млекото. Во насока на поддршка на сточарите кои се членови на прилепското здружение Фармер од Прилеп (членка на Националната федерација на фармери) преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија“, поддржан од Шведската амбасада/ Сида и We Effect, Националната федерација на фармери им додели приклучна механизација за обработка на почва и собирање на кабаста храна. „ Ни значи оваа поддршка во здружението, бидејќи заеднички ќе биде користена фрезата и сенопревртувачката и тоа ќе ни овозможи олеснета работа во моменти кога се соочуваме со недостаток на сезонска работна сила. Посебно е значајна за младите фармери во здружението, на кои ќе им се помогне самостојно и заеднички да работат и заработуваат, а воедно и економски да јакнат“, вели Стеванче Јорданоски, претседател на здружението „Фармер“. Посетата е реализирана од страна на Мемет Синани, член на УО на НФФ и Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер во НФФ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles