0 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

НФФ преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите категории во Република Северна Македонија 2020“ додели поддршка за производство на храна на здружението Благој А Котларовски од Ресен

Намалување на сезонската работна сила за време на извршување на интензивните агротехнички мерки, а најмногу во периодот на бербата на јаболката е една од главните предизвици со кои се соочија јаболкопроизводителите за време на Корона пандемијата. Од друга страна Корона пандемијата ја зголеми побарувачката на јаболка, како и преработките од овошје како што се мармалади, сокови, слатко, кои се додадена вредност на руралните жени и поттикнуваат нивно економско јакнење. „Со цел да се намалат негативните последици од Ковид кризата во однос на зголемување на трошоци за работна сила и репроматеријали, ние имаме потреба од превземање на навремени превентивни мерки за рано откривање на напад од јаболковиот црв врз јаболковите насади, а тоа ќе допринесе кон навременно третирање и намалена примена на хемиски средства за заштита, заштеда на пари, сезонски работници и квалитетен производ. Ние како здружение Благој Котларовски исто така го поддржуваме економското јакнење на жените и во таа насока е формирана и фокус група во нашето здружение кои моментално со сопствена опрема прават преработки од овошјето и произведуваат разни видови на слатка, мармалади и сокови. Бидејќи побарувачката за овие домашни преработки се зголемува, тие започна заеднички и здружено да настапуваат на пазарот “, потенцира Љубе Пампулевски, претседател на здружението „Благој Котларовски“. Во насока на поддршка на земјоделците од здружението „Благој Кoтларовски“ од Ресен (членка на Националната федерација на фармери) преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија“, поддржан од Шведската амбасада/ Сида и We Effect, Националната федерација на фармери им додели фермонски стапици за рано детектирање на јаболковиот црв и репроматеријали ( тегли и шишиња) за фокус групата на рурални жени во рамките на здружението. „Ваквите поддршки се значајни за нас земјоделците и посебно што се даваат преку здруженијата со кое се овозможува заедничко работење и економско јакнење на земјоделците. Фермонските стапици ќе се постават покрај седумте метеролошки станици на здружението и навремено ќе се детектира штетникот јаболков црв и ќе се презема навремена заштита. Она што сакам да истакнам дека покрај Корона кризата која е голем проблем за цел свет, за нас земјоделците голем проблем се и климатските промени, посебно сушите. Еве ние во Преспа се соочуваме со еколошка катастофа, како што е повлекување на водата од Преспанското езеро, кое и како ќе направи нарушување на биодиверзитетот тука и земјоделците најмногу ќе го почуствуваат. Исто ако се продолжи со сушните периоди ние ќе се соочиме со недостаток на вода и на тоа мора сериозно да се рaзмислува, бидејќи интензивното јаболкопроизводство ќе исчезне“, потенцира Љубе Пампулевски, претседател на здружението „Благој Котларовски. Посетата е реализирана од страна на Стеванче Јорданоски, член на УО на НФФ и Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер во НФФ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,371FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles