14.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

НФФ преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите категории во Република Северна Македонија 2020“ додели поддршка за производство на храна на здружението Поречка Матица од Самоков, М. Брод

Намалената посета на поречкиот регион, неможноста да се продаваат земјоделските производи на пазарите поради ограничениот превоз и лошата инфраструктура, се предизвиците кои се повеќе се истакнаа во ова време на Корона пандемија. Од друга страна COVID кризата ја зголеми побарувачката на земјоделски производи од еколошки и незагадени региони. „Се повеќе се бараат свежи производи и преработки од овошје, зеленчук, мед и други пчелни производи“, вели Цана Џуковска претседателка на здружението „Поречка Матица“ од Самоков. Во насока на поддршка на земјоделците од здружението Поречка Матица од Самоков (членка на Националната федерација на фармери) преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија“, поддржан од Шведската амбасада/ Сида и We Effect, Националната федерација на фармери им додели опрема за заедничка преработка и пакување на земјоделски производи според стандардите за добра производна и хигиенска пракса. „Со подршката и добиената опрема за вакумирање и мелење на зеленчук и овошје ќе можеме да произведуваме преработки и заеднички да ги продаваме, а од друга страна во овој регион има доста наши членови кои собираат чаеви, шумски плодови и печурки и сега ќе можат да ги вакумираат и продаваат, а воедни и ние пчеларите ќе можеме да вакумираме пчелни производи како што се полен и мед во саќе. Ова е значајно за нас како здружение и како регион со оглед на фактот што има голема сиромаштија тука во Самоков и иселување и на ваков начин може да се поттикнува заедничка економска соработка во ова време на Ковид криза“,вели Цана Џуковска, претседателка на здружението Поречка Матица. Членовитее имаа обука за користење на вакумерката за сирење, зеленчук, овошје, печурки, пчелни производи и слично. Посетата е реализирана од страна на Мемет Синани, член на УО на НФФ и Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер во НФФ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles