2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Поставени пластеници кај семејства кои имаат лица со попречености во селата Чашка, Чалошево, Дурфулија.

Денеска во Чашка беше извршено примопредавање на пластениците на Славица Димова, една од 30 корисници во проектот ” From Disability to FoodAbility”. Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски истакна дека општината развива инклузивен пристап за лицата со попреченост. Овој проект е особено значаен бидејќи ќе овозможи јакнење на свеста кај целото население за еднаков пристап за лицата до попреченост. ” Со НФФ и We Effect успеавме да ги интегрираме сите чинители во поддршка на лицата со попреченост. НФФ и We Effect направија огромни напори за реализација на пластениците. Ние како општина, што обезбедивме простор, го подготвивме теренот, снабденост со вода и затоплување како и оддржување и чување на пластеникот. Филозофскиот факултет даде поддршка во процесот на идентификација на потребите и обуки за лицата си попреченост.”.Претставникот на We Effect, Васко Хаџиевски потенцираше дека на овој проект се многу горди. Ова е пример како треба да се работи и како и во услови на криза може да се создадат вакви упешни приказни. НФФ и We Effect и понатаму ќе работат на подобрување и развој на руралните средини со посебен акцент на маргинализираните групи.За Филозофскиот Факултет, катедрата за специјална едукација и рехабилитација ова е посебен проект. Ова е прва интервенција кај лица со попреченост во руралните средини. Од ова искуство може многу да се научи и да се пренесе. Се надевам дека со поставувањето во школото во Чашка, не само што децата ќе и помагаат на тетка Цава, туку и тие ќе стекнуваат вештини уште од мали нозе во производство на храна, рече проф. Др Наташа Станојковска Трајковска, од Филозофски Факултет.Иван Вангелов, член на УО на НФФ истакна дека со овој проект ја враќаме надежта за подобар живот кај овие лица. Со овој проект овозможуваме и учениците да бидат вклучени во производниот циклус, и истовремено да ја развиваат свеста за еднаков пристап за лицата со попреченост. За НФФ, ова е уште еден успех во напорите за подобрување на условите за живот во селата.На крајот, Славица Димовска, тетка Цава, на сите ни се заблагодари. Сега е време да се работи, а напролет, здравје Боже ве поканувам на вкусна салата со производите од пластениците.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles