2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Поставени пластеници кај семејства кои имаат лица со попречености во Струмичкиот регион и во М. Брод

“Во пластениците ќе произведуваме зеленчук и покрај за домашна употреба имаме желба нешто и да почнеме да продаваме. За првпат во селото луѓето доаѓаат и се загледуваат во дворот, не прашуваат од каде е овој современ пластеник. И конечно и ние да сме по нешто први и по добро забележани во селото“, ова се најголемиот број на коментари на семејствата кои имаат лица со попречености и живеат во рурални средини и кои добија пластеници преку проектот From Disability to FoodAbility, имплементиран од Националната федерација на фармери, а поддржан од We Effect и Radiohjalpen. Нашите претставници Мемет Синани и Иван Вангелов членови на УО, Виданка Мартиновска, проект кординатор и Стеван Орозовиќ, извршен директор на НФФ ги посетија семејстават во Пласница, Манастирец, Сланско ( села од Македонски Брод) и струмичките села Владевци, Секерник и Три Води на кои им ги дадоа на користење пластениците и системите капка по капка. „Ова е голема хумана работа која ја правиме и треба со овие луѓе понатаму да се рабори“, вели Иван Вангелов, член на УО на НФФ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles