6 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Поставени пластеници кај семејства кои имаат лица со попречености во Скопскиот, Гостиварскиот и Тетовскиот регион

Наша активност на која што посебно како организација сме горди во нејзина имплементација и што се реализира во ова кризно време на корона пандемија во насока на поддршка и помош на најранливите, невидливите и маргинализираните групи во руралните средини, а тоа се лицата со попречености и нивните семејства. Пластениците се дадени на користење на 28 семејства кои имаат лица со попречености и се дел од активностите на проектот From Disability to FoodAbility, кој е имплементиран од НФФ, а поддржан од Шведската организација за развој We effect и Radiohjalpen. Покрај пластеници во рамките на проектот им се обезбедија и системи за наводнување капка по капкa и земјоделски репроматеријали. Корисниците ќе ги користат пластениците за градинарско производство и тоа за лична употреба. Во текот на овие два дена средби со нив реализираат Memet Sinani, член на УО на НФФ и Viki Martinovska , проект кординатор во НФФ. „ Ги посетивме Љуботен, Виниче, Ржаничино, Зелениково, Балин Дол -Гостивар, Беловиште, Подбреѓе, Јанчиште и скопски села. Мило ни е што и самите корисници се задоволни од пластениците и истакнуваат дека конечно некој помислил и на нив“, вели Синани член на УО на НФФ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,409FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles