ЈАВЕН ПОВИК бр. 12/2020 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА МАШИНА ЗА МЕЛЕЊЕ НА ЗЕЛЕНЧУК, ОВОШЈЕ И ДР.ПРОИЗВОДИ И МАШИНА ЗА ЛАДНО И СУВО ВАКУМИРАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК бр. 12/2020 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА МАШИНА ЗА МЕЛЕЊЕ НА ЗЕЛЕНЧУК, ОВОШЈЕ И ДР.ПРОИЗВОДИ И МАШИНА ЗА ЛАДНО И СУВО ВАКУМИРАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК бр. 10/2020 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ДУПЛИКАТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ИНВЕРТЕН СИРУП
ЈАВЕН ПОВИК бр. 15/2020 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ФРЕЗА ЗА ОБРАБОТКА НА ПОЧВА И МАШИНА ЗА СОБИРАЊЕ НА СЕНО-СЕНОСОБИРАЧКА
Јавен повик бр. 08/2020 за ангажирање на КООРДИНАТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПЛАЌАЊА

Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ) e најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничката визија: профитабилнo земјоделство – стабилно село, и мисија: организиран фармер, лидер во земјоделскиот и руралниот развој. НФФ го спроведува „Проектот за институционална поддршка на НФФ“ поддржан од Шведската организација за развој We Effect,  кој ги обединува достапните вештини и ресурси, како и тековните предизвици и можности за подобрување на развојот во земјоделскиот сектор, ја поттикнува родовата рамноправност и поддршка на младите, го промовира кооперативното земјоделство како чекор кон подобрување на животот во руралните области. На тој начин, проектот претставува важна интервенција на земјоделството во земјата преку НФФ, со што се исполнуваат основните вредности и мисијата на НФФ за заштита и застапување на интересот на земјоделците. Во рамите на проектот се и дополнителни активности од проектот ,,Обезбеденост со храна и економско зајакнување на Северна Македонија 2020” кој е поддржан од Шведската амбасада во Северна Македонија/СИДА под Проектот “Поддршка на интегративниот процес во ЕУ на Северна Македонија” и Шведската развојна организација We effect заедно со Националната федерација на фармери, Мрежа за рурарен развој на РСМ, Националниот ромски центар  се имплементатори на истоимениот проект. Проектот “Обезбеденост со храна и економско зајакнување во Северна Македонија” има за цел да го зајакне капацитетот на руралните и маргинализираните заедници во земјава со тоа што ќе обезбеди брз и ефикасен одговор на нанесените економски штети од Ковид пандемијата и ќе им го отвори патот кон прилагодлив, инклузивен и одржлив развој.

Ковид пандемијата ја намали пристапноста на купувачите до директните производители , како и проблеми со откупот и ниски откупни цени на локалните зеленчуци и овошје. Со цел поддршка на интервенција за обезбеденост и производство на храна за време на корона пандемијата, Националната федерација на фармери има потреба за набавка на машина за мелење на зеленчук, овошје и др. производи и машина за ладно и суво вакумирање.

Набавувач на услугите: Здружение за земјоделски развој Национална федерација на фармери, со седиште на улица „Гиго Михајловски“, бр. 4/1-1, 1000 Скопје.

Предмет на набавка:

  1. Набавка на една (1) Машина за мелење на зелечук, овошје и др.производи со капацитет од 120 кг/час
  2. Набавка на една (1) Машина за ладно и суво вакумирање

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи 80 бода, додека квалитетот носи 20 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

Облик и содржина на понудата:

Понудата се поднесува во писмен облик по mejl. Понудата треба да содржи:

  1. Име, адреса и седиште на понудувачот на производот, даночен број, телефонски број,            
  2.  е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт.
  3.  Тековна состојба од добавувачот, не постара од шест месеци.
  4. Гаранција
  5. Рок и начинот на испорака на  услугите.
  6. Цена изразена во денари со ДДВ

Рок на извршување на услугите/работите:

Реализацијата на услугите/работите наведени во техничката спецификација да биде во рок од максимум 30 календарски денови.

Период на важност на понудата:

Понудата што ќе ја даде понудувачот треба да биде со важност од 30 (триесет) дена.

НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Краен рок за доставување на понудите е 30.10.2020

Понудите се доставуваат по електронска пошта (e-mail) на 2 адреси истовремено:

nff@nff.org.mk   и bobi.djokovic@nff.org.mk

 Со назнака“Понуда за набавка на Машини за мелење и вакумирање.

COMMENTS