Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ) e најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничката визија: профитабилнo земјоделство – стабилно село, и мисија: организиран фармер, лидер во земјоделскиот и руралниот развој. НФФ го спроведува „Проектот за институционална поддршка на НФФ“ поддржан од Шведската организација за развој We Effect,  кој ги обединува достапните вештини и ресурси, како и тековните предизвици и можности за подобрување на развојот во земјоделскиот сектор, ја поттикнува родовата рамноправност и поддршка на младите, го промовира кооперативното земјоделство како чекор кон подобрување на животот во руралните области. На тој начин, проектот претставува важна интервенција на земјоделството во земјата преку НФФ, со што се исполнуваат основните вредности и мисијата на НФФ за заштита и застапување на интересот на земјоделците. Во рамите на проектот се и дополнителни активности од проектот ,,Обезбеденост со храна и економско зајакнување на Северна Македонија 2020” кој е поддржан од Шведската амбасада во Северна Македонија/СИДА под Проектот “Поддршка на интегративниот процес во ЕУ на Северна Македонија” и Шведската развојна организација We effect заедно со Националната федерација на фармери, Мрежа за рурарен развој на РСМ, Националниот ромски центар  се имплементатори на истоимениот проект. Проектот “Обезбеденост со храна и економско зајакнување во Северна Македонија” има за цел да го зајакне капацитетот на руралните и маргинализираните заедници во земјава со тоа што ќе обезбеди брз и ефикасен одговор на нанесените економски штети од Ковид пандемијата и ќе им го отвори патот кон прилагодлив, инклузивен и одржлив развој.

Kовид пандемијата доведе до намалување на извозот на вино на европските и други пазари со тоа што настанаа големи проблеми во откупот на грозјето во РСМ, односно оваа година откупот се одвиваше во многу тешки услови, со застои и со многу ниски откупни цени. Во таа насока земјоделците од лозарските региони започнуваат со бизнис инцијативи  за производство на етерични масла oд лековити билки (лаванда, мајчина душица, рузмарин и сл) како дополнителна и додадена вредност во рамките на нивните стопанства со цел да ги покријат загубите и трошоците од ниските откупни цени на грозјето. Со цел поддршка на интервенција за обезбеденост и производство на храна за време на корона пандемијата, Националната федерација на фармери има потреба за набавка на еден Дестилатор за производство на етерични масла.

Набавувач на услугите: Здружение за земјоделски развој Национална федерација на фармери, со седиште на улица „Гиго Михајловски“, бр. 4/1-1, 1000 Скопје.

Предмет на набавка:

  1. Набавка на еден (1) Дестилатор за производство на етерични масла со капацитет од 350 литри, со можност истиот да биде технички надграден за делење на трите фракции од дестилатот.

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет на понудените услуги

Цената носи 80 бода, додека квалитетот носи 20 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

Облик и содржина на понудата:

Понудата се поднесува во писмен облик по mejl. Понудата треба да содржи:

  1. Име, адреса и седиште на понудувачот на производот, даночен број, телефонски број,             
  2.  е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт.
  3.  Тековна состојба од добавувачот, не постара од шест месеци.
  4. Рок и начинот на испорака на  услугите.
  5. Цена изразена во денари со ДДВ

Рок на извршување на услугите/работите:

Реализацијата на услугите/работите наведени во техничката спецификација да биде во рок од максимум 30 календарски денови .

Период на важност на понудата:

Понудата што ќе ја даде понудувачот треба да биде со важност од 30 (триесет) дена.

НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Краен рок за доставување на понудите е 30.10.2020 (петок)

Понудите се доставуваат по електронска пошта (e-mail) на 2 адреси истовремено:

nff@nff.org.mk   и bobi.djokovic@nff.org.mk

 Со назнака“Понуда за набавка на Дестилатор за етерични масла”.