Одржан е прв состанок на студиски кружок во рамки на проектот за социо-економско зајакнување на лица со попреченост од руралните средини From Disability to FoodAbility. Во рамките на студискиот кружок се разговараше на тема нови адаптивни технологии и софтвер за лица со оштетен вид со цел на истите да им се олесни комуникацијата особено во корона пандемија кога е намалена физичката комуникација како и пристапот до информации. Проектот се спроведува со поддршка од Шведската организација за развој We effect и Шведската организација RadioAid ( Radiohjalpen).