Благој Јовчевски, млад пчелар од Дихово: “Ако пчелите ти влезат во крвта тогаш 6 месеци работиш, а 12 имаш за егзистенциja

Честит Илинден
Обука за подобрување на производството на поледелски култури во услови на климатски промени
Повик за ангажирање на консултант за изработка на „Изборни процедури на Национална федерација на фармери“
-Во 2013 година стартувавме со aпитуризам преку кој на потенцијалните купувачи им ја презентираме работата на пчелите и производствот на пчелите производи,  се запознаваат како од нектарот од цвет доаѓа до мед во стаклена тегла… турата завршува со ручек во нашиот двор и храна приготвена по наши стари традиционлани рецепти. Туристи оваа година има само домашни, поради кризата, а сите информации се достапни на нашата веб страна: www.pcelarnikbn.com – објаснува Благој Јовчевски од битолското село Дихово.

“Да се биде пчелар во Македонија е благодет. Имаме одлични услови за тоа, планини ливади”, раскажува 36-годишниот Благој Јовчевски, од село Дихово, Битола, кој заедно со својот брат од 2005 година се занимава со одгледување пчели. Тој е првиот Македонец кој во 2016 година отворил т.н.  Апикомора, за дишење на воздух директно од пчелна кошница,.

Последните неколку месеци преку онлајн работењето (веб страната и Фејсбук), им донело повеќе работа од кога и да е. Дневно имаат нарачки кои одвај успеваат да ги реализираат.

-Кризата на нас пчеларите не се одрази многу, бидејќи сите во овој период бараат мед повеќе. Со соодветна заштита и почитување на протоколите вршиме достава низ цела Македонија – вели Благој.

Пчеларството станува начин на живот за него и брат му Наце по препорака од дедо им. Се  започнало со еден рој собран од гранка и продолжило следните неколку години.

-Пчелите се единствените инсекти во природата кои храна собираат повеќе отколку што им е потребно за една сезона. Во еден случаен разговор со еден човек ми беше речено: не чувај ништо што мора секој ден да го храниш.И како што повеќе ги запознаваш пчелите, така се повеќе се привикнуваш на нив, со тек на времето едноставно не можеш без нив. Секојдневно доаѓаат нови пчелари кај нас за мислење или да си купат роеви.  Јас нив им велам само една работа, ако пчелите не ти влезат во крвата не бива пчелар од тебе – раскажува Благој.

Со пчелите тој е од рано наутро, а некогаш до доцна во ноќта. Тој ја води административната работа, нарачките, рекламите и слично, а брат му останатиот дел.

-Ако пчеларсвото го сватиш сериозно има егзистенција во тоа. Им препорачувам на младите што повеќе да се занимаваат со земјоделство, сега барем има модерна механизација. Работиш 6 месеци, а вадиш за егзистенција за 12 месеци- порачува тој.

Задоволен е од државната помош и вели сега било полесно за добивање средства за набавка и модернизација на производството. Но од огромна помош е и Националната федерација на фармери.

-Секогаш е добредојдена несебичната поддрша од нив. Ние како,фармери не ги добиваме од прва рака сите потребни информации итн, затоа е тука НФФ која ќе ги проследи до нас и ќе ни ги преведе на јазик кој ние го разбираме. Добро е кога ги имаме нив да се борат за нас –  додава Благој.

COMMENTS