НФФ: откупната цена на грозјето треба да изнесува 16 ден по кг за „смедеревка“ и 17 ден по кг за „вранец“

НФФ: откупната цена на грозјето треба да изнесува 16 ден по кг за „смедеревка“ и 17 ден по кг за „вранец“

Јавен Повик бр. 7/2020 Печатење и дизајн на едукативни и информативни материјали на Националната федерација на фармери
Ефективни, а не дискриминаторни мерки за руралните жени во земјоделските и руралните политики и програми
Анкета за задоволството на членовите на НФФ за Федерацијата

Откупот на грозјето започнува и повторно е неплански со голем број на манипулации кои се на штета на лозарите. Националната федерација на фармери преку својот потсекторски систем ги следи состојбите во лозарскиот сектор и воедно она што се согледува како проблем се откупните цени, негативното влијание на климатските промени, како и застарените системи за наводнување на лозовите насади.

Со години наназад „смедеревката“ се откупува по цена од 11 денари по кг, додека винската сорта „вранец“ 13 денари по кг. Оваа година како што се појавија најави од одделни винарии таа е уште пониска,  4-6 ден по кг. Ова создаде голем страв и неизвесност кај лозарите. Секоја година преку НФФ одделението за лобирање и застапување правиме пресметка за производната цена на грозјето, која излегува дека е 15 ден по кг. Оваа година статистичките податоци се потврдени и од страна на релевантни институции. На барање на Националната федерација на фармери од Земјоделскиот институт е доставена пресметаната единечна производна цена на грозјето која изнесува 11 ден по кг, додека производната цена на винското грозјето со амортизација ( во амортизација влегува и работниот труд) изнесува 15 ден по кг. Со ваквите ниски откупни цени само се уназадува лозарството, кој е еден од значајните сектори во земјоделството, посебно за производство на вино кое е извозно орентирано и значајно за БДП на државата. “, потенцира Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

Според официјалните податоци на ДЗС во Република Северна Македонија има вкупно 180.000 земјоделски стопанства. Од нив околу 48.000 земјоделски стопанства поседуваат лозови насади. Од површините под лозови насади наменети за производство на винско грозје 70% се обработуваат од страна на индивидуални земјоделски стопанства (чија површина се движи од 1 – 4 ха) . Токму овој податок покажува дека индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење, како и воспоставување на вистински договрни односи помеѓу винариите и лозарите се со цел лозарството и винарството да се развива и понатаму да биде препознатлив бренд на нашата држава.

Со години наназад препознатлив е трендот на должење и неисплата на винариите кон лозарите. Добро познатиот случај со Повардарие тоа го потврдува, сеуште голем дел од лозарите ги немаат добиено своите пари за предадено грозје. Најзначајно во целата приказна е тоа што лозарството е повторно неорганизирано, дури стихијно. Она што значително се смени е дека пораснаа цените на македонските вина (несомнено се зголеми и квалитетот), но во малопродажба вината се сé поскапи, а лозарите се посиромашни. Од фер економија и задоволство на сите во вредносниот синџир, преминавме на високи трошоци за маркетинг и креирање на приказни од кои никако производителите на грозје да дојдат до корист. Со години наназад, оваа особено важна гранка, која иако има огромни можности останува неорганизирана и во производството и во извозот. Од една страна се земјоделците кои инвестираат во нови површини, но нивниот труд не е вреднуван. Од друга страна пак се винариите кои се убедени дека секоја винарија е посебна приказна, значајно име на глобалниот пазар (иако најголем дел од нашето вино сеуште завршува на екс југословенските простори) и не наоѓаат модалитет како да одговорат на потребите на лозарите со цел сите да го добијат својот дел од колачот. Во такви услови, а посебно сега со настаната криза, потребно е да се либерализира пристапот на малите производители до пазарот, а со тоа да се влијае на стабилизирање и редистрибуција на вредноста на земјоделскиот откуп во целиот систем“ е еден од заклучоците на анализата на Националната федерација на фармери „Земјоделството и Корона кризата“[1]. 

Националната федерација на фармери со години наназад бара да се создадат вистински партнерски односи помеѓу лозарите и винариите и согласно горенаведените податоци откупната цена на грозјето треба да изнесува 16 ден по кг за „смедеревка“ и 17 ден по кг за „вранец“. Функционирање на договорно производство и реализирање на барањето на НФФ за измени на  Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за вино со воведување на банкарска гаранција, онака како што е уреден откупот на тутунот. Инспекторатот за земјоделство да врши зачестени контроли за време на откупот и Министерството за земјоделство и рурален развој да овозможи услови за свикување на потсекторската група за вино и грозје која функционира во рамките на Министерството и согласно Законот за земјоделство и рурален развој ја разгледува состојбата во лозарството и престојниот откуп на грозјето. Ова барање е доставено до ресорното министерство од страна на НФФ.  Посебно внимание да посвети на подобрување и одржување на земјоделската инфраструктура во делот на патишта, наводнувањето, одводнувањето и справување со климатските промени кои посебно влијаат на квалитетот на сите земјоделски производи. Според Националната федерација на фармери новиот правилник за вино и правилникот за куќен праг за продажба на производи од неживотинско потекло   се значајни за секторот винарство и лозарство, бидејќи со нив се овозможуваат низа поволности со коj што се олеснуваат условите за производство на вино на малите винарии и на физичките лица производители на вино и други производи на грозје како што се маџун, сок и сл,  што е тековен тренд во светски рамки, особено во сегментот на продажба  од фарма во насока на диверзификација на понудата на пазарот и развој на винскиот и руралниот туризам. 


[1] Анализа „Земјоделството и корона кризата“ https://www.nff.org.mk/2020/06/12/%d0%bd%d1%84%d1%84-%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d1%98%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0/

COMMENTS