Јавен повик бр. 08/2020 за ангажирање на КООРДИНАТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПЛАЌАЊА

Јавен повик бр. 08/2020 за ангажирање на КООРДИНАТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПЛАЌАЊА

ЈАВЕН ПОВИК бр. 14/2020 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА СТАКЛЕНА АМБАЛАЖА (ТЕГЛИ И ШИШИЊА)
ЈАВЕН ПОВИК бр. 12/2020 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА МАШИНА ЗА МЕЛЕЊЕ НА ЗЕЛЕНЧУК, ОВОШЈЕ И ДР.ПРОИЗВОДИ И МАШИНА ЗА ЛАДНО И СУВО ВАКУМИРАЊЕ
ЈАВЕН ПОВИК бр. 10/2020 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ДУПЛИКАТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ИНВЕРТЕН СИРУП

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци,  најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на координатор за финансиски плаќања за имплементација на планирани активности во проектот „Институционална поддршка на НФФ“, финансиски поддржан од Шведската организација за развој „We Effect“.

Ниво на овластување: Координаторот за финансиски плаќања е директно одговорен за непречено и динамично спроведување на дефинираните активности кои се дел од дополнителната поддршка во проектот, финансиски поддржани од Шведската амбасада во РСМ, со цел да го зајакне капацитетот на руралните и маргинализираните заедници во земјава со тоа што ќе обезбеди брз и ефикасен одговор на нанесените економски штети од корона кризата и ќе им го отвори патот кон прилагодлив, инклузивен и одржлив развој. Координаторот за финансиски плаќања директно одговара пред Извршниот директор на НФФ и Проект Менаџерот.

Улоги и одговорности: Координаторот за финансиски плаќања ги презема следниве задачи и одговорности во дополнителната поддршка за 2020 година во проектот „Институционална поддршка на НФФ“:

  • Подготовка, организација и имплементација на сите процеси за набавка, за да се обезбеди дека набавката е усогласена со правилата на НФФ и „We Effect“;
  • Поддршка во финансиското управување преку обезбедување целосна имплементација на финансиските процедури на НФФ и „We Effect“ во процесот на наплата, верификација и плаќањa, како и подготовка на финансиски извештаи;
  • Спроведување на финансиската проценка на корисниците на грантови, идентификување и ублажување на ризиците во ситуации кога не може докрај да се исполнат договорните обврски;
  • Воспоставување и одржување на електронски и печатени копии на податоците за секој проект финансиран од грант кои што ќе се користат за следење и известување;
  • Давање техничка поддршка за корисниците на грантови за развој на план за работа, деловен план и извештаи што треба да се спроведуваат во текот на договорот;
  • Подготовка на дневник за набудување на корисниците на грантови врз основа на индикаторите утврдени во деловниот план;
  • Гарантирање на строга посветеност и почитување на системите, политиките и процедурите за финансиска контрола

Клучни индикатори за успех:

Клучните индикатори за успех се објективна рамка за мерење на перформансите на координаторот за финансиски плаќања. Клучните индикатори за изведба се договараат со Извршниот директор пред периодот на продолжување на договорот за деловно ангажирање, во рамките на годишното интервју. Продолжување на договорот може да се добие само доколку се исполнуваат клучните показатели за успешност во периодот на договорот.

Степен на посветеност:

Координаторот за финансиски плаќања ќе работи од 01.09.2020 година до крајот на договорниот период 31.12.2020 година, со можност за продолжување на договорот.

Работата ќе ја изведува во главната канцеларија на НФФ во Скопје / или од дома, во период од 08:00 до 17:00 часот вкупно, од понеделник до петок со вкупно ангажирање од 70% работно време.

Вработениот/ната треба да ги извршува работите што му/ѝ се доверени и треба да ги завршува во текот на работните часови.

Обврски на вработениот/ната:

  • Прифаќање на правилата, регулативите и работната етика на We Effect и НФФ;
  • Вредно, навремено и одговорно извршување на работата во утврдените рокови;
  • Постигнување на позитивни резултати во работењето;
  • Одржување на предвидените работни часови;
  • Почитување на општите и индивидуалните акти, регулативи, упатства и одлуки како резултат на договорот меѓу двете организации, како и секоја дополнителна одлука донесена согласно договорот за партнерство со „We Effect” и потврдена од двете страни;
  • Почитување на внатрешните правила во врска со однесувањето во внатрешното опкружување;
  • Соодветно користење на техничка опрема и материјали;
  • Почитување на правилата за превенција и заштита при работа;
  • Проактивно работење за решавање на тековните проблеми во организацијата.

Образование и квалификации:

  • Диплома за сметководство, финансии, бизнис администрација, трговија, економија, право или еквивалентна квалификација;
  • Професионално работно познавање на софтвер за сметководство и MS Word, Excel, итн.
  • Високо ниво на внимание на детали и точност;
  • Аналитички вештини, вештини за пишување извештаи и за комуникација;
  • Демонстрирање на постојаност во зачувување на интегритетот и етиката;
  • Постапување како тимски играч и олеснување на работата во тим;
  • Ефективна комуникација и социјални вештини;
  • Доследно пристапување кон работата со енергија и позитивен став;
  • Позитивно одговарање на критичките повратни информации и различните гледишта.

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: nff@nff.org.mk и biljana.petrovska@nff.org.mk најдоцна до 24.08.2019 година, со назнака: „za aplikacija za koordinator za finansiski plakanja”.

COMMENTS