Објавен на 7.08.2020

Вовед      

Националната федерација на фармери (НФФ) e најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничката визија: профитабилнo земјоделство – стабилно село, и мисија: организиран фармер, лидер во земјоделскиот и руралниот развој.

Покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, НФФ во својата работа посветува особено значење во јакнење и поддршка на ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка на младите и жените, како и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно дејствување.

Освен земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој односно справувањето со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што е сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствени услуги, едукација, информација, право и моќ на одлучување.

Главен столб на дејствување е лобирањето во насока на дефинирање на проблемите од терен кои со заедничка работа и анализа се презентираат пред надлежните институции за наоѓање на заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

НФФ неколку години наназад го спроведува „Проектот за институционална поддршка на НФФ“, кој ги обединува достапните вештини и ресурси, како и тековните предизвици и можности за подобрување на развојот во земјоделскиот сектор, ја поттикнува родовата рамноправност и поддршка на младите, го промовира кооперативното земјоделство како чекор кон подобрување на животот во руралните области.

Проектот за институционална поддршка е структуиран во следните компоненти:

  1. Организациски развој и градење на капацитетите на НФФ
  2. Развој и поддршка на бизнисите, размена на информации и знаење и зајакнување на здружувањето
  3. Лобирање и застапување
  4. Родова еднаквост и зајакнување на женското претприемништво

На тој начин, проектот претставува важна интервенција на земјоделството во земјата преку НФФ, со што се исполнуваат основните вредности и мисијата на НФФ за заштита и застапување на интересот на земјоделците.

                                                                                                                                                                                             
Цел

За детално да ги опише информативните, едукативните и промотивни материјали, како дел од целите на проектот и предвидените активности, НФФ ја подготви следната листа за набавка со цел да ја организира истата.  Набавката е дел од Оперативниот план за работа согласно Буџетот на проектот за 2020 и  согласно Договорот  склучен помеѓу НФФ и We effect за проектот “Институционална поддршка на НФФ” со број P9401, кој е потпишан и со важност од 21.12.2018, заведен во НФФ под архивски број 01-289/2018 и  архивски број 01-211/2020 од  29.07.2020 (за дополнителните средства за Проект “Обезбеденост со храна и економско зајакнување во Северна Македонија 2020’’ кој е составен дел од Проектот  “Институционална поддршка на НФФ” како посебна 5-та компонента, поддржан од Шведската амбасада во Северна Македонија/СИДА под Проектот “Поддршка на интегративниот процес во ЕУ на Северна Македонија” и We effect заедно со НФФ, МРР, НРЦ).

Листа за набавка

ЛИСТА ЗА НАБАВКА
 ПроизводОписКоличина/   примероциУслуга
1Анализа за потребите, предизвиците и ризиците на маргинализираните групи во руралните средини погодени од Корона кризата ( буџетска ставка 3.3.1.5.) 32 страници, A4 формат, две бои, двострано печатено на македонски јазик200Дизајн и печатење
2Анализа за финансиски производи  достапни за малите фармери (буџетска ставка 3.3.1.5.)32 страници, A4 формат, две бои, двострано печатено на македонски јазик200Дизајн и печатење
3Анализа “Корона кризата и земјоделството” (буџетска ставка 3.3.1.5)32 страници, A4 формат, две бои, двострано печатено на македонски јазик200Дизајн и печатење
4Анализа за нарушените пазарни синџири и потребни активности за нивно создавање на среден и долг рок (буџетска ставка 5.1.1.3)32 страни, A4 формат, две бои, двострано печатено на македонски јазик  300Дизајн и печатење
5Брошура за протоколите за продажба од куќен праг согласно новиот закон (буџетска ставка 5.1.2.1)4 страни, A5 формат , мултиколор, двострано, печатено на македонски јазик1000Дизајн и печатење
6Флаери со поракa од кампањата “Купувајте домашни земјоделски производи“ и слики од Македонски земјоделски производи (буџетска ставка 5.2.1.1.)1 страна, A5 формат, двострано, мултиколор, печатено на македонски јазик10 000Дизајн и печатење
7Постери со поракa од кампањата “Купувајте домашни земјоделски производи“ и слики од Македонски земјоделски производи (буџетска ставка 5.2.1.2.)1 страна, B2 формат,  печатени на македонски јазик1000Дизајн и печатење

Постапка за набавка

За планираната набавка се применува постапката и правилата за набавка на We Effect.

Период на важност на понудата

Понудата доставена од понудувачот треба да биде со важност од 60(шеесет) дена.

Критериуми

Критериум што ќе се применува во процедурата е најдобра вредност ( сооднос цена/квалитет).

Времетраење и спроведување на договорот

Договорот ќе биде потпишан и спроведен во текот на 2020 година.

Како да аплицирате (поднесете понуда)

Сите заинтересирани понудувачи ( компании) да поднесат понуда за Листата на набавка

 Понудите да бидат доставени на емаил: dzejlan.veliu@nff.org.mk  и nff@nff.org.mk   најдоцна до: 19.08.2020.

Со назнака Понуда за печатење и дизајн на едукативни и информативни материјали