Јавен Повик бр. 6/2020 Зa пријавување на експерт/ти за подготовка на АНАЛИЗА НА НАРУШЕНИТЕ И ПРЕКИНАТИ ПАЗАРНИ ВРСКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРОНА КРИЗАТА И ПРЕПОРАКИ ЗА НИВНО НАДМИНУВАЊЕ НА КРАТОК И СРЕДЕН РОК

Јавен Повик бр. 6/2020 Зa пријавување на експерт/ти за подготовка на АНАЛИЗА НА НАРУШЕНИТЕ И ПРЕКИНАТИ ПАЗАРНИ ВРСКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРОНА КРИЗАТА И ПРЕПОРАКИ ЗА НИВНО НАДМИНУВАЊЕ НА КРАТОК И СРЕДЕН РОК

ОГЛАС ЗА РЕГИОНАЛНИ КООРДИНАТОРИ НА НФФ ВО ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН И ПОЛОШКИ РЕГИОН
ОГЛАС ЗА РЕГИОНАЛНИ КООРДИНАТОРИ НА НФФ
Студиски кружок на тема: производство на маџун

Објавен на 7.08.2020

Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ) e најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локални земјоделски здруженија, земјоделски задруги обединети под заедничката визија: профитабилнo земјоделство – стабилно село и мисија: организиран фармер, лидер во земјоделскиот и руралниот развој.

Покрај земјоделците, земјоделските здруженија, земјоделските задруги, НФФ во својата работа посветува особено значење во јакнење и поддршка на ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка на младите и жените како и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно дејствување.

Освен земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население како што е сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствени услуги, едукација, информација, право и моќ на одлучување.

Главен столб на дејствување е лобирањето во насока на дефинирање на проблемите од поле кои со заедничка работа и анализа се презентираат пред надлежните институции за наоѓање на заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

НФФ неколку години наназад го спроведува “ Проектот за институционална поддршка на НФФ“, поддржан од Шведската развојна организација We Effect кој ги обединува достапните вештини и ресурси, како и тековните предизвици и можности за подобрување на развојот во земјоделскиот сектор, ја поттикнува родовата рамноправност и поддршка на младите, го промовира кооперативното земјоделство како чекор кон подобрување на животот во руралните области.

Проектот за институционална поддршка ги опфаќа следните компоненти:

1. Организациски развој и градење на капацитетите на Националната федерација на фармери;

2. Развој и поддршка на бизнисот, размена на информации и знаења и јакнење на здружувањето;

4. Лобирање и застапување;

5. Родова рамноправност и јакнење на женското претприемништво;

На тој начин, проектот претставува важна интервенција на земјоделството и НФФ во земјата и ги исполнува основните вредности и мисијата на НФФ за заштита и застапување на интересот на земјоделците.

Работна задача

Корона кризата силно влијаеше на динамиката на целокупниот живот и во урбаните и во руралните средини. Македонското земјоделство во овој временски опфат беше тешко погодено со пазарните ограничувања, недостаток на сезонски работници, ограничување во движењето, потешкотии во организација на транспорт и логистика. Како резултат на првичната анализа “ Земјоделството и корона кризата” НФФ идентификуваше уште во мај 2020 дека синџирите за снабдување со храна се веќе нарушени, дека постои недостаток на работна сила (посебно од сезонски карактери) ќе го наруши производството и преработката на храна, особено за интензивните земјоделските култури како и дека нарушените синџири за снабдување со храна ќе резултираат во зголемено ниво на загуба на храна. Во временскиот опфат од мај до август 2020 постои незначително подобрување во пласманот на производството, но сепак последиците од кризата и потенцијалните ризици се сеуште тука. Како да ги надминеме? Каде се клучните точки на нарушувањето на пазарите? Кои мерки треба да ги превземеме да осигураме стабилен пласман, непречено фунционирање на вредносниот синџир и тек на производството и продажбата?

Од овие причини, НФФ во рамките на своето дејствување има потреба од АНАЛИЗА НА НАРУШЕНИТЕ И ПРЕКИНАТИ ПАЗАРНИ ВРСКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРОНА КРИЗАТА И ПРЕПОРАКИ ЗА НИВНО НАДМИНУВАЊЕ НА КРАТОК И СРЕДЕН РОК.

  1. Анализата треба да содржи:
  • Истражување на репрезентативен примерок за утврдување на нарушените и прекинатите пазарни врски за земјоделците од мал и среден обем во позначајните потсектори;
  • Преглед на состојбите во синџирот на снабдување, кои се клучните учесници, каде се јавуваат проблемите, каде се потенцијалните ризици, кои се силите и слабостите на секој од учесниците, кои се можностите и заканите;
  • Преглед и приоретизација на проблемите и нарушувањата во најзначајните потсектори и на ниво на целиот земјоделски сектор;
  • Заклучоци и листа на потребни интервенции на краток и среден рок за надминување на проблемите и предизвиците и овозможување стабилност на пазарните врски за малите и средни земјоделци во функционален систем на Food Security and Stability.
  • Анализата треба да ги опфати:

•     90 земјоделци/земјоделски стопанства ( 15 земјоделци од 6 позначајни пот-сектори (градинарство, овоштарство, лозарство, полјоделство, млекопроизводство, месопроизводство)

  • Анализата треба да биде:
  • Репрезентативна, да ги отслика потребите и предизвиците на сите засегнати категории подеднакво со соодветна застапеност во истражувањето и според категорија и според територијална распространетост;
  • Структурна, да ги следи барањата во овој повик и содржината на работната задача;
  • Прегледна и јасна, да содржи визуелни елементи во сите делови (табели, пити, графици), но истовремено на јасен начин да ги опише сите резултати, заклучоци, предлози;
  • Релевантна, да се однесува на потребите, ограничувањата и ризиците кои произлегуваат од кризата или посилно се изразени за време на кризата;
  • Пристап
  • Националната Федерација на Фармери работи според пристапот базиран на човекови права и затоа во спроведувањето на оваа активност истиот мора да биде земен како основа за спроведување на работната задача.
  • Методологија
  • Анализата треба да биде подготвена преку: a) истражување на репрезентативен примерок на најмалку 90 испитаници преку анкетен прашалник; и б) канцелариско истражување на закони, програми, извештаи, мерки.
  • Документи за испорака
  • Анкетен прашалник за истражувањето на репрезентативе примерок од најмалку 90 испитаници;
  • Листа на контактирани во истражувањето која ќе содржи: име и презиме, населено место, ранлива категорија, род;
  • Извештај од резултатите од истражувањето во посебен документ;
  • АНАЛИЗА НА НАРУШЕНИТЕ И ПРЕКИНАТИ ПАЗАРНИ ВРСКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРОНА КРИЗАТА И ПРЕПОРАКИ ЗА НИВНО НАДМИНУВАЊЕ НА КРАТОК И СРЕДЕН РОК како сеопфатен документ
  • Листа на користен референтен материјал и електронски линк или електронска копија од истиот (закони, програми, мерки, други извештаи и сл.)
  • Динамика
  • Целосната реализација на ангажманот треба да биде завршена во период од 90 дена од потпишувањето на договорот;
  • Во текот на реализација на ангажманот консултантот/те треба да ја контактира НФФ за одобрување анкетниот прашалник (НФФ ќе го одобри за најмногу 3 работни дена од доставуањето;
  • Нацрт извештајот треба да биде доставен најдоцна 80 дена од потпишување на договорот, по што НФФ во рок од 5 дена ќе ги даден своите коментари и забелешки;
  • Финалниот извештај заедно со сите пропратни документи за испорака треба да бидат доставени најдоцна до 90 дена по потпишувањето на договорот.
  • Поддршка
  • За време на спроведување на ангажманот, НФФ ќе обезбеди поддршка во информации, појаснувања и прецизирања во сите фази доколку експертот има потреба од тоа.

Критериуми

Експертот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Работно искуство во областа на истражувањата од најмалку 5 години и најмалку 3 слични истражувања;
  • Соодветно образование и професионално искуство;
  • Познавање на проблематиката на земјоделските пазари, маркетинг, пласман на земјоделски производи, пазарни бариери и сл;
  • Познавање на пристапот базиран на човекови права;
  • Автор и коавтор на најмалку 3 сеопфатни анализи реализирани во последните 3 години;

Ангажман и надоместоци

За спроведување на активностите од овој повик се предвидени надоместоци во вкупен износ од бруто 122.210 денари. Исплаќањето ќе се врши во два дела и тоа: 30% по одобрување на анкетниот прашалник и 70% по доставените финали документи. Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на експертите.

Предлог временска рамка на активностите

18 август 2020                                   Избор на кандидатот и потпишување на договорот

23 август 2020                                   Доставен анкетен прашалник до НФФ

23 август – 1 октомври 2020          Спроведување на истражувањето

12 октомври 2020                            Доставена нацрт верзија на извештајот до НФФ

19 октомври 2020                            Испратени коментари од страна на НФФ

2 ноември 2020                                Испорачан финален извештај со пропратни документи до НФФ

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество експертот/ти траба да достават:

  • Професионална биографија со вклучени референци за претходни истражувања согласно правилата од овој повик. Индивидуалните биографии без листи на публикации не треба да надминуваат три страници (А4 формат) не сметајќи ги референците.
  • Предлог на разработена методологија за спроведување на истражувањето и подготовка на документите. Предлог-методологијата не треба да надминува три страници (А4 формат) и треба да содржи јасна методологија по чекори; подготовка на анкетен прашалник за репрезентативниот примерок; динамика и план за интерпретација на податоци.
  • Предлог план на активности. Предлог планот не треба да надминува една страница (А4 форма). Доколку се планира да се работи анализата во тим од неколку  експерти да се наведе во планот

Документите за пријавување задолжително да се достават во еден pdf. формат документ на следните е-маил адреси: nff@nff.org.mk и biljana.petrovska@nff.org.mk  најдоцна до 18 aвгуст 2020 година со назнака „Analiza Naruseni pazari P9401“. Изборот на авторите ќе се врши врз основа на искуството, понудената методологија, акциониот план и апликацијата од страна на кандидатите.

COMMENTS