Вовед      

Националната федерација на фармери (НФФ) e најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничката визија: профитабилнo земјоделство – стабилно село, и мисија: организиран фармер, лидер во земјоделскиот и руралниот развој.

Покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, НФФ во својата работа посветува особено значење во јакнење и поддршка на ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка на младите и жените, како и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно дејствување.

Освен земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој односно справувањето со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што е сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствени услуги, едукација, информација, право и моќ на одлучување.

Главен столб на дејствување е лобирањето во насока на дефинирање на проблемите од терен кои со заедничка работа и анализа се презентираат пред надлежните институции за наоѓање на заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

НФФ неколку години наназад го спроведува „Проектот за институционална поддршка на НФФ“, кој ги обединува достапните вештини и ресурси, како и тековните предизвици и можности за подобрување на развојот во земјоделскиот сектор, ја поттикнува родовата рамноправност и поддршка на младите, го промовира кооперативното земјоделство како чекор кон подобрување на животот во руралните области. На тој начин, проектот претставува важна интервенција на земјоделството во земјата преку НФФ, со што се исполнуваат основните вредности и мисијата на НФФ за заштита и застапување на интересот на земјоделците.

Во периодот од јули 2019 до јуни 2021 година Националната федерација на фармери го имплементира проектот“From Disability to FoodAbility” со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. 

Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области. Предвидените проектни активности ќе придонесат за социјално и економско зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни интервенции и прилагодувања во начинот на производство на храна како што се пластениците и градините за производство на зеленчук.

Семејствата  ќе бидат насочени кон производство на производи со додадена вредност (еколошки, преработени) со можност за производство во текот на целата година. Производите ќе бидат наменети за членовите на семејствата со што ќе се обезбеди храна и можност за дополнителни приходи преку продажба на вишокот производи.

Цел:

Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect објавува повик за изработка на петнаесетминутен документарен филм за проблемите и предизвиците на жените од руралните средини и активностите на НФФ што се преземени за подобрување на состојбата на жените во руралните средини. Во рамките на истиот проект Националната федерација на фармери има потреба од изработка на 1 видео од 1 минута кое ќе биде дел од промотивната кампања “Купувајте домашни земјоделски производи“.

Националната федерација на фармери во рамките на проектот From Disability to FoodAbility”поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen има потреба од изработка на 5 видеа ( 1 видео е со траење од 1 минута) за промоција на 30 градини кои се градат во семејства кои имаат лица со попреченост и живеат во руралните средини.

Целта на сите снимени материјали е да ја зголеми свесноста на јавноста за придонесот на граѓанските здруженија во заедницата и потребата од нивните професионални услуги и услугите на државните институции за ранливите категории на граѓани во руралните средини.

Изработка на видеа , петнаесетминутен документарен филм  

Избраниот понудувач ќе има задача да подготви 1 петнаесетминутен документарен филм за проблемите и предизвицте на жените во руралните средини и активностите на Националната федерација на фармери за економско јакнење на руралните жени. Документарниот филм е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од We Effect. За снимање на документарниот филм потребно е реализација на теренски посети за снимање на изјави и интервјуа. Ангажманот ќе опфати пет дена  снимање на неколку локации, во затворени простории и на отворено. Документарецот е потребно да биде титлуван на англиски јазик. Документарецот треба да е изработен во резолуција погодна за емитување на веб страни, телевизии и социјални медиуми.

Избраниот понудувач ќе има задача да изготви 5 кратки видеа (со максимално времетраење од 1 минута за 1 видео) во  резолуција, погодна за споделување на социјални медиуми, телевизии и веб страни. Видеата треба да опфатат изјави на семејствата кои имаат лица со попреченост и живеат во рурални средини и кај кои се изградени градини и изјави на НФФ и институции (активност на проектот From Disability to FoodAbility”, имплементиран од НФФ со поддршка од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Ангажманот од 1 видео опфаќа 2 дена снимање на локации на отворено, односно 10 дена снимање за петте видеа. Видеата  потребно е да бидат титлувани на англиски јазик.

Избраниот понудувач ќе има задача да изготви 1 кратко видео со максимално времетраење од 1 минута во  резолуција, погодна за споделување на социјални медиуми,телевизии и веб страни.Видеото кое е дел од кампањата „Купувајте домашни земјоделски производи“ треба да опфати снимки од земјоделци и земјоделски производи. Видеото е дел од проектните активности на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од We Effect.  Ангажманот од 1 видео опфаќа 2 дена снимање на локации на отворено и снимки кои продукцијата ги има во својата архива.

Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот тим.

Опсег на работа и клучни задачи

  • Разработка на креативен и идеен концепт за реализација на документарниот филм, 5 видеа и 1 промо видео
  • Снимање
  • Монтирање на снимениот материјал
  • титлување на документарниот филм на англиски јазик
  • титлување на  5 видеа на англиски јазик

Проценети трошоци

Понудувачот/те ќе бидат избрани врз основа на искуството и пристапот “најдобра вредност за парите”.

 Временска рамка на склучениот договор

Времетраењето на договорот започнува од денот на склучување на договорот и трае до 1.06.2021.

Временска рамка за реализација на видео материјалите

20.08. 2020 -10.10. 2020 целосно подготвен документарниот филм за жените од руралните средини

01.09.2020 – 1.12.2020 подготвени 3 видеа за изградените градини во семејства кои имаат лица со попреченост и живеат во рурални средини

15.09.2020 – 20.10.2020 подготвено 1 видео за кампањата „Купувајте домашни земјоделски производи“

1.02.2021 – 1.05.2021 подготвени 2 видеа за изградените градини во семејства кои имаат лица со попреченост и живеат во рурални средини

Корекција на цени

При реализација на договорот за набавка, не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за реализација.

Начин на плаќање

Националната федерација на фармери со избраниот правен субјект ќе склучи Договор за набавка.

Плаќањето ќе се врши вирмански по доставена фактура до седиштето на Националната федерација на фармери.

Понудувачот ќе се плаќа по успешното завршување на задачите  и доставување на испораките.

Период на важност на понудата

Понудата што ќе даде понудувачот треба да биде со важност од 60 (шеесет)дена.

Критериум за избор на најповолна понуда

Во процедурата за избор ќе се применуваат следниве критериуми и поени:

Претходно искуство и биографија – 30 поени

Снимање на видеа, документарци, емисии од областа на земјоделството и руралниот развој , како и за лицата со попречености– 15 поени

Можност за промоција на снимените материјали на национални медиуми -15 поени

Цена – 40 поени

Сопственост

Продуктите( видеата) кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Националната федерација на фармери. Добавувачот се согласува да не го користи продуктот надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Националната федерација на фармери.

Како да аплицираш

Сите заинтересирани понудувачи/компании треба да достават:

  • биографија (CV) за компанијата подготвена на максимум 2 страни со листа на подготвени проекти од областа на земјоделство и руралниот развој и за лицата со попречености
  •  тековна состојба не постара од 6 месеци
  • буџет за подготовка на петнаесетминутниот филм и 6 видеа во следната табела
Реден бројОписКоличинаЕдинична цена во МКД со вклучен ДДВВкупна цена во МКД со вклучен ДДВ
1Петнаесет минутен документарен филм за проблемите и предизвиците на жените во руралните средини1  
2пет видеа ( 1 видео со траење од 1 минута) за промоција на 30 градини кои се градат во семејства  кои  имаат лица со попречености  и живеат во рурални средини5  
31 видео од 1 минута кое ќе биде дел од промотивната кампања „Купувајте домашни земјоделски производи“1  

Понудите да се достават на мејл: dzejlan.veliu@nff.org.mk  и nff@nff.org.mk   до: 14.08.2020.

Со назнака“Понуда за изработка на видео и документарен филм“

Понудувачите кои се заинтересирани да поднесат понуда ќе добијат појаснувања или одговори на прашања поврзани со предметот на набавка на организиран онлајн состанок за што претходно треба да се обратат на е-маил vidanka.martinovska@nff.org.mk

ponuda-budzet