Анкета за задоволството на членовите на НФФ за Федерацијата

ОГЛАС ЗА НОВИНАР ЗА УРЕДУВАЊЕ И ПИШУВАЊЕ НА ТЕКСТОВИ ВО РЕГИОНАЛНОТО СПИСАНИЕ TOKA IME
Катастрофална слика во Преспа
Договори со сите Тутунари за Реколта 2014
Фотографијата е направена за време на посетата на Мрежата на млади фармeри во Нови Сад , Србија, во август, 2019 год. и е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ поддржан од We Effect.

Начинот на постигнување на своите цели НФФ ги одредува преку центарот на своето дејствување, а тоа е земјоделецот. За да ги слушне проблемите, предлозите, искуствата на земјоделците, НФФ на редовна основа организира анкети помеѓу своите членови. Покрај нивните проблеми, НФФ континуирано го анализира и степенот на задоволство кај своите членови со цел потврда, надградба, надополнување и/или насочување на своето работење. Резултатите од анализата на ваква особено значајна алатка НФФ ја користи како прерогатив во своето идно дејствување.

Во тој контекст, во текот на месец мај 2020 година, со цел да се одреди степенот на задоволството на членовите на НФФ, од страна на Извршната канцеларија на НФФ беше реализирана телефонска анкета на 100 членови на НФФ. За таа намена, беше креиран прашалник со 20 добро формулирани и соодветни прашања, од кои дел и со понудени предлог одговори. Потоа, согласно процентуалната структура на членството на НФФ се направи селекција на членовите кои би биле анкетирани, кои би биле како репрезентативен примерок на членството на организацијата.

Од вкупно 100 учесници во анкетата, 25 се членови од мрежата на млади фармери на НФФ, 35 членови од мрежата на жени фармери и останатите 40 члена од останатите индивидуални членови. На тој начин, НФФ смета дека се опфатени сите структури на членството, при што како таргетирани групи и се младите фармери и жените фармери, категории на земјоделци кои покрај општото членство на НФФ имаат свои особености и посебни предизвици со кои се соочуваат.

Anketa-clenstvo-izvestaj

COMMENTS