Прв земјоделски Зум Форум „Земјоделството и Корона кризата“

НФФ информација за соработка, координација и поддршка во делот на справување со проблемите и последиците во земјоделството и руралниот развој предизвикани од состојбите со Корона вирусот во земјата
Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат
Оглас за финансиски менаџер во НФФ

Нема да бидеме скромни и ќе кажеме дека Првиот земјоделски Зум форум „Земјоделството и Корона Кризата“, организиран од НФФ помина одлично. Педесет учесници, меѓу кои најголем број земјоделки и земјоделци докрај ги проследија излагањата на говорниците и активно се вклучија во дискусија  што потврдува дека потребата од понатамошни преговори и разговори е голема. На форумот , кој е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на НФФ “ поддржан од Шведската организација за развој We Effect беше презентирана анализата „Земјоделството и корона кризата“ подготвена од Билјана Петровска – Митревска, и Стеван Орозовиќ. Со поздравни говори се обратија Васка Мојсовска, претседателка на НФФ, Васко Хаџиевски, претставник од WE Effect и проф д-р Вјекослав Танасковиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Им благодариме на сите за одвоеното време и сите дадовме поттик за натамошно заедничка работа и вложување во развојот на земјоделството како значајна развојна економска гранка во државата. Се надеваме дека и институциите ќе продолжат поинтензивно да работат на системска поддршка за равој на земјоделството и руралните средини.

Препораки и предлози на Форумот:

  1. Во рамките на дејствувањето на идната Влада клучен сектор во јакнење на домашната економија и стопанство да е и земјоделството. Посебно внимание да посвети на подобрување и одржување на земјоделската инфраструктура во делот на патишта, наводнувањето, одводнувањето и справување со климатските промени, како и почитување и функционирање на договорното производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
  2. Да се промовираат македонските дошашни  земјоделски производи  и да продолжи стимулирање на македонските граѓани да купуваат домашни производи.
  3. Прифаќање на предлогот на НФФ, регистрираните индивидуални земјоделци чија основна дејност е земјоделството да бидат поддржани со соодветни владини мерки  во насока на нивно јакење.
  4. Поголема промоција и имплементација на Правилниците  за услови и хигиена за производство и ставање во промет на храната од неживотинско и животинско потекло наменета за директно снабдување, во географско или економски ограничувања, како општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики и Правилникот за мали винарии.
  5. Подобрување на економската и социјална положба на младите и жените од руралните средини преку креирање на мерки за подршка  во насока на нивно економско јанење и развој на претприемништво.
  6. Креирање на мерки за намалување на одливот на сезонски работници и поттикнување за поголема работна сезонска сила во земјоделството.
  7. Поголема соработка од страна на институциите со земјоделците и научните институции во насока на креирање на мерки, стратегии и поддршки за справување на земјоделството и негово адаптирање  на новото време, кое е последица на Корона кризата.
NFF-recommendations-1

COMMENTS