Даниел Митиќ, 28-годишен млад и вреден фармер „За ништо на светов не би се откажал од ова што го работам“

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот (COVID-19) на луѓето
Обраќање на Мојсовска на 20 годишниот јубилеј на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството и 50 години советодавен јавен сервис
Работилниците со институциите и невладините организации во Лозово на кои е презентиран пристапот базиран за човековите права за лицата со попреченост

Секој ден ми почнува во 5 часот, трае најмалку до 21, постојано жетва, сеење и орање, но за ништо на светов не би се откажал од ова што го правам, со овие зборови ја почнува својата приказна 28-годишниот велешанец Даниел Митиќ, фармер кој живее и работи во село Иванковци, велешко. Неговиот пример е мотивација за младите дека земјоделството е профитабилна гранка и треба да е меѓу основните дејности во кои треба да се вложува државна енергија за да функционира и да се развива. Има 130 хектари земја, житни полиња и лозје во местото каде живее.




Државата треба да интервенира во враќање на младите во руралните средини.
Ни треба помош од државата да не се прави манипулации за време на откупите, цените мора да бидат повисоки, еве конкретно кај пченицата и грозјета производната цената е пониска од продажната. Во делот на пченицата мора да имаме минамална цена од 12 ден по кг. Јачменот е намалено на 7 денари, пченицата уште не се знае. Порано немаше субвенции, но имаше цена, една година јачменот стаса и до 18 денари .

Не размислува за заминување од земјата, иако мнозинството од неговите школски другари отишле во западните земји. Според Даниел недостига волја кај младите за да се занимаваат со рурални дејности. Но не е песимист, вели дека сепак има и ентузијасти кои би се посветиле на земјоделството, а како позитивен  пример го посочи  неговиот братучед, кој исто така има земјиште на кое посветено работи. Сепак, според него е важно државата итно да интервенира во враќање на младите во руралните средини.

Даниел работи заедно со неговиот чичко . Некогаш работат и до полноќ и повеќе. „Едниот ора, другиот дежура, за не дај  Боже – да не се случи пожар, па да се запали житото. Јас имам 3 трактори и чичко ми има три. Мачно е, особено сега кога е период на жетва“, вели Митиќ. На шега додава дека нема време за приватен живот, и се уште не основал семејство.

Сега  важна му е жетвата и да се сработи како што треба, зашто точно во моментот е сезоната. Интензивно работи од 25 јуни, а верува дека ќе заврши до 20-ти јули.  За крај само истакна дека  130 хектари земја се неговата љубов и  професија.

пченица
почеток на жетва
лозовиот насад на Даниел

COMMENTS