Повик за пријавување на eксперт/ка за подготовка на АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ, ПРЕДИЗВИЦИТЕ И РИЗИЦИТЕ НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ГРУПИ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ПОГОДЕНИ ОД КОРОНА КРИЗАТА “Институционална Поддршка на НФФ”

НФФ: минималната цена за откуп да биде производната цена
Честит Велигден
Честит 8ми Март

Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ) e најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локални земјоделски здруженија, земјоделски задруги обединети под заедничката визија: профитабилнo земјоделство – стабилно село и мисија: организиран фармер, лидер во земјоделскиот и руралниот развој.

Покрај земјоделците, земјоделските здруженија, земјоделските задруги, НФФ во својата работа посветува особено значење во јакнење и поддршка на ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка на младите и жените како и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно дејствување.

Освен земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население како што е сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствени услуги, едукација, информација, право и моќ на одлучување.

Главен столб на дејствување е лобирањето во насока на дефинирање на проблемите од поле кои со заедничка работа и анализа се презентираат пред надлежните институции за наоѓање на заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

НФФ неколку години наназад го спроведува “ Проектот за институционална поддршка на НФФ“, кој ги обединува достапните вештини и ресурси, како и тековните предизвици и можности за подобрување на развојот во земјоделскиот сектор, ја поттикнува родовата рамноправност и поддршка на младите, го промовира кооперативното земјоделство како чекор кон подобрување на животот во руралните области.

Проектот за институционална поддршка ги опфаќа следните компоненти:

1. Организациски развој и градење на капацитетите на Националната федерација на фармери;

2. Развој и поддршка на бизнисот, размена на информации и знаења и јакнење на здружувањето;

4. Лобирање и застапување;

5. Родова рамноправност и јакнење на женското претприемништво;

На тој начин, проектот претставува важна интервенција на земјоделството и НФФ во земјата и ги исполнува основните вредности и мисијата на НФФ за заштита и застапување на интересот на земјоделците.

Работна задача

Корона кризата силно влијаеше на динамиката на целокупниот живот и во урбаните и во руралните средини. Посебно во руралните средини каде населението се соочува со недостаток на јавни услуги, соодветна ифраструктура и низа препреки за целосна и диманичка инклузија на сите општествени категории. За време на кризата овие проблеми уште посилно испливаа на површина и придонесоа за зголемена исклученост на маргинализираните групи, социо-економска несигурност и зголемен ризик за сиромаштија.

Од овие причини, НФФ во рамките на своето дејствување за лобирање и застапување има потреба од АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ, ПРЕДИЗВИЦИТЕ И РИЗИЦИТЕ НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ГРУПИ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ПОГОДЕНИ ОД КОРОНА КРИЗАТА.

  1. Анализата треба да содржи:
  • Истражување на репрезентативен примерок за утврдување на последиците од коронавирусот врз маргинализираните групи во руралните средини во Република Северна Македонија;
  • Преглед на законската рамка, програмите за поддршка и мерките превземени од страна на надлежните институции во услови на криза;
  • Преглед и приоретизација на потребите, предизвиците и ризиците за маргинализираните групи во руралните средини;
  • Заклучоци и листа на потребни интервенции на краток и среден рок за поддршка на маргинализираните групи во руралните средини.
  • Анализата треба да ги опфати:
  • Сите маргинализирани групи во рурални средини вклучувајќи семејства или лица во социјален и/или економски ризик, лица со попреченост, лица без приходи, лица со потреба од постојана нега и поддршка и други со посебен осврт на жени и млади.
  • Анализата треба да биде:
  • Сеопфатна, да ги вклучи сите ранливи категории, т.е. маргинализирани групи во руралните средини;
  • Репрезентативна, да ги отслика потребите и предизвиците на сите засегнати категории подеднакво со соодветна застапеност во истражувањето и според категорија и според територијална распространетост;
  • Структурна, да ги следи барањата во овој повик и содржината на работната задача;
  • Прегледна и јасна, да содржи визуелни елементи во сите делови (табели, пити, графици), но истовремено на јасен начин да ги опише сите резултати, заклучоци, предлози;
  • Релевантна, да се однесува на потребите, ограничувањата и ризиците на маргинализираните групи во руралните средини кои произлегуваат од кризата или посилно се изразени за време на кризата;
  • Пристап
  • Националната Федерација на Фармери работи според пристапот базиран на човекови права и затоа во спроведувањето на оваа активност истиот мора да биде земен како основа за спроведување на работната задача.
  • Методологија
  • Анализата треба да биде подготвена преку: a) истражување на репрезентативен примерок на најмалку 150 испитаници преку анкетен прашалник во соработка со одделението за членство на НФФ; и б) канцелариско истражување на закони, програми, извештаи, мерки.
  • Документи за испорака
  • Анкетен прашалник за истражувањето на репрезентативе примерок од најмалку 150 испитаници;
  • Листа на контактирани во истражувањето која ќе содржи: име и презиме, населено место, ранлива категорија, род;
  • Извештај од резултатите од истражувањето во посебен документ;
  • Анализата на потребите, предизвиците и ризиците на маргинализираните групи во руралните средини погодени од корона кризата како сеопфатен документ
  • Листа на користен референтен материјал и електронски линк или електронска копија од истиот (закони, програми, мерки, други извештаи и сл.)
  • Динамика
  • Целосната реализација на ангажманот треба да биде завршена во период од 75 дена од потпишувањето на договорот;
  • Во текот на реализација на ангажманот консултантот треба да ја контактира НФФ за одобрување на анкетниот прашалник (НФФ ќе го одобри за најмногу 3 работни дена од доставуањето;
  • Нацрт извештајот треба да биде доставен најдоцна 68 дена од потпишување на договорот, по што НФФ во рок од 7 дена ќе ги даде своите коментари и забелешки;
  • Финалниот извештај заедно со сите пропратни документи за испорака треба да бидат доставени најдоцна до 84  дена по потпишувањето на договорот.
  • Поддршка
  • За време на спроведување на ангажманот, НФФ ќе обезбеди поддршка во информации, појаснувања и прецизирања во сите фази доколку експертот/ката има потреба од тоа.

Критериуми

Експертот/ката треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Работно искуство во областа на истражувањата од најмалку 5 години и најмалку 3 слични истражувања;
  • Соодветно образование (завршен факултет од областа на општествените науки – правни студи, социјална политика, комуникации, економски науки, земјоделски науки, родови студии, политички студии) и професионално искуство;
  • Познавање на проблематиката на истржаувањето: маргинализирани групи, ранливи категории, лица со попреченост, жени и млади во социјален ризик;
  • Познавање на пристапот базиран на човекови права;
  • Автор и коавтор на најмалку 3 сеопфатни анализи реализирани во последните 3 години;

Ангажман и надоместоци

За спроведување на активностите од овој повик се предвидени надоместоци во вкупен износ во бруто износ од 153.318 денари. Исплаќањето ќе се врши во два дела и тоа: 30% по одобрување на анкетниот прашалник и 70% по доставените финали документи. Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на експертите.

Предлог временска рамка на активностите

10 јули 2020                                      Избор на кандидатот и потпишување на договорот

26 јули 2020                                      Доставен анкетен прашалник до НФФ

29 јули – 1 септември 2020                           Спроведување на истражувањето

15 септември 2020                                         Доставена нацрт верзија на извештајот до НФФ

21 септември 2020                                         Испратени коментари од страна на НФФ

1 октомври 2020               Испорачан финален извештај со пропратни документи до НФФ

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество експертот/ти траба да достават:

  • Професионална биографија со вклучени референци за претходни истражувања согласно правилата од овој повик. Индивидуалните биографии без листи на публикации не треба да надминуваат три страници (А4 формат) не сметајќи ги референците.
  • Предлог на разработена методологија за спроведување на истражувањето и подготовка на документите. Предлог-методологијата не треба да надминува три страници (А4 формат) и треба да содржи јасна методологија по чекори; подготовка на анкетен прашалник за репрезентативниот примерок; динамика и план за интерпретација на податоци.
  • Предлог план на активности. Предлог планот не треба да надминува една страница (А4 форма). Доколку се планира да се соработува и со други експерти да се наведе во планот

Документите за пријавување задолжително да се достават во еден pdf. формат документ на следните е-маил адреси: nff@nff.org.mk и biljana.petrovska@nff.org.mk  најдоцна до 26  јуни 2020 година со назнака „Analiza marginalizirani grupi P9401“. Изборот на авторите ќе се врши врз основа на искуството, понудената методологија, акциониот план и апликацијата од страна на кандидатите.

Povik-Analiza-Marginalizirani-grupi-2

COMMENTS