НФФ анализа „Земјоделството и Kорона кризата“

Редовна  седница на Годишно Собрание на НФФ
Промовирање на кратки прегледи на ЕУ земјоделските политики
Договори со сите Тутунари за Реколта 2014

Анализа „Земјоделството и корона кризата“ е составена од три дела. Првиот дел ги опфаќа: 1) факторите кои влијаат на кризата, а произлегуваат од мерките кои се воведени поради Ковид-19, како и импликациите кои ги имаат по социо-економскиот развој, нивното значење на глобално и национално ниво; 2) промената на економските параметри во земјоделството и прекинувањето на вредносниот синџир и најзначајните карактеристики во понудата/побарувачката, како и флуктациите на цената на нафтата (како многу важен елемент/трошок) во земјоделството и општите препораки на ФАО. Вториот дел дава преглед на состојбата со македонското земјоделско производство пред почетокот на кризата и неговиот тренд во изминатите скоро две децении, со посебен фокус на клучните земјоделски производи, како и на карактеристиките во однос на нивната трговска размена во услови на криза. Третиот дел го опфаќа прегледот на барањата и препораките на краток и среден рок кои НФФ ги доставуваше до сите надлежни институции во државата. Во третиот дел се сублимирани  податоците од претходните две анализи на НФФ од крајот на март 2020 и средината на април 2020 година. Теренските анализи се направени преку разговори со членството на НФФ водени од страна на секторот за членство и услуги на НФФ. Aнализата е резултат на истражувањата на НФФ направени во периодот од 17.03.2020 до 30.04.2020 година во услови на корона кризата во нашата земја. Анализата ги опфаќа податоците добиени од терен во сите земјоделски региони во државата, статистичките податоци од производството и трговијата со земјоделските производи, политиките и мерките преземени од државите во регионот, како и предвидувањата и анализите од меѓународни финансиски, истражувачки и развојни организации и институции, вклучувајќи ги: ФАО, ООН, ОЕЦД, Светска Банка, ЕУ СТАТ и Интрацен.

Analiza-zemjodelstvo-i-COVID19

Analiza-zemjodelstvo-i-COVID19-0107SO-1eng