НФФ: Да се реализира мерката 115 за активен женски член во земјоделско стопанство од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2019 и да се зголеми бројот на одобрени апликации од 100 на 400

NFF lobby and advocacy 2018
Сезонски работи во лозов насад и мерки за адаптација кон климатските промени
Средба на земјоделците со ЕУ делегацијата во РМ во Преспа
Роска Томова, производителка на градинарски култури која заеднички со својот сопруг го водат земјоделското стопанство во струмичкиот регион.

Националната федерација на фармери бара сите апликантки кои ги исполниле условите и поднеле комплетна документација за мерката 115 за активен женски член во земјоделско стопанство од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2019 да добијат грант. Во програмата финансиски средства се предвидени за 100 жени земјоделки, а согласно информациите од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој аплицирале 400 жени земјоделки.  До јуни 2020 да бидат разгледани сите апликации за мерката 115 и одобрени оние што ги исполниле условите. На ваков начин директно ќе се поддржат жените од руралните средини, кои се соочуваат со голем број на предизвици во овој период.

Оваа мерка е посебно значајна за земјоделките посебно сега кога е констатирано од терен дека негативните ефекти од здравствено – економската криза во државата предизвикана од Корона Вирусот влијаат врз жените во руралните средини, бидејќи нивниот обем на работа е сега зголемен и дома и на поле, а нивниот труд и понатаму не е вреднуван. Во првата половина на април НФФ спроведе анкета со жените од руралните средини, која е активност од проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect , така што  85% од жените кои се членки на НФФ (во НФФ челнуваа 175 жени од рурални средини) истакнаа дека сега нивната работа е зголемена и дома и на поле, бидејќи во земјоделството има недостаток на сезонски работници и сами со своите сопрузи и најтесното семејство ги извршуваат активностите на поле, а дома и понатаму целосната обврска е падната на нивен грб. 

Поддршките за економско јакнење на руралните жени се важни и во таа насока потпишана е Декларацијата за подобрување на економската и социјална положба на жените од руралните средини потпишана од Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој, Министерство за земјоделство, Министерство за труд и социјална политика во 2018 “, вели Васка Мојсовска претседателка на НФФ. Она што сакаме уште еднаш да потенцираме е дека жените од руралните средини се соочуват со голем број на предизвици, а тоа се социјална исклученост, невработеноста, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита, јавни и социјални услуги. Ваквите услови ги принудуваат руралните жени на живот во поголема сиромаштија и ја поттикнуваат миграцијата.

 Околу 64% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми. 58% од сите рурални жени немаат лични примања, двојно повеќе од мажите во руралните средини[1].Жените работат во просек 11.06 часа на ден (41,7% од вкупниот обем на работа потпаѓа на неплатена работа). Мажите работат во просек 9.68 часа на ден  – главно, платена работа[2]. Сега нивната работа е зголемена. Имено, препораката на НФФ е во  во согласност со препораките на извештајот  за РСМ на Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените на Обединетите нации, во кој што се вели: „ За руралните жени треба да се обезбеди пристап до субвенции и мерки за рурален развој до највисок можен степен и брза реализација“. Нашата држава е членка на Обединетите нации и има обврска да ги почитува и спроведува  препораките на Комитетот на ООН и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.  


[1] Мултидимензионалната анализа за сиромаштија во РСМ – https://www.nff.org.mk/%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%BC/

[2] Студија „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството во РСМ со примена на експериментален економски метод“ имплементиран од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и подржан од UN Women, 2019) 

COMMENTS