Да се реши проблемот со расипаните пумпи во Марена, со кои се наводнува голема површина во тиквешкиот регион

Да се реши проблемот со расипаните пумпи во Марена, со кои се наводнува голема површина во тиквешкиот регион

Обука за подобрување на производството на поледелски култури во услови на климатски промени
Oткупната Цена на Доцната Зелка од 4 на 5 ден по кг.
Акциски план НФФ

Проблеми во земјоделството

Лозарите од тиквешкиот регион, кои се членови на НФФ исто како и минатата година и оваа година се соочуваат со проблем со водоснабдувањето поради  расипаните пумпи во Марена,  кои што треба да испумпувааат вода за наводнување за лозовите насади во тиквешкиот регион од т.н. горна зона или затворен систем за наводнување.

„Наводнувањето треба да започне за 5 дена и ако тоа не се случи повторно ќе настанат катастрофални загуби кај трпезното грозје. Во ова насока ќе имаат загуби и лозарите и државата, бидејќи трпезното грозје е извозно орентиран земјоделски производ. Проблемот го имавме и минатата година и во таа насока реализиравме средба со министерот за земјоделство Трајан Димковски во јули 2019. Ова е голем проблем за Тиквешијата, така што минатата година имавме  огромни загуби со родот, бидејќи не можевме да ги наводнуваме лозовите насади, поради расипаните пумпи. Ист проблем не очекува и оваа година “, вели Вакса Мојсовска, претседателка на НФФ.

Националната федерација на фармери бара и интервенција од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на решавање на овој проблем со водоснабдувањето.

Овој проблем од страна на лозарите е посочен и до Ристо Манев, раководителот на АД ВОДОСТОПАНСТВО ПОДРУЖНИЦА ТИКВЕШКО ПОЛЕ, но досега не е најдено решение. Имено, како што е потенцирано од лозарите, од нивна страна направени се и  инвестиции во лозовите насади со трпезно и винско грозје со поставување на  системи капка по капка за рационално користење на водата.

COMMENTS