НФФ: Во пакетот на економски мерки треба да се опфатени регистрираните индивидуални земјоделци, субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците е добродојдена

Како до поуспешно искористување на ИПАРД 2
Сида и We effect, во посета на фармата на Вангелина Пармачка
Обраќање на Мојсовска на 20 годишниот јубилеј на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството и 50 години советодавен јавен сервис

Васка Мојсовска претседателка на НФФ: Здравствено – економската криза предизвикана од Covid 19 вирусот покажа колку е значајно земјоделството во делот на егзистенцијата на државата преку обезбедување на храна и директно влијание на БДП и во таа насока на виделина излегоа проблемите предизвикани од слабите синџири за продажба и пласман на кои треба посебно да се работи во периодот што доаѓа и со посебна поддршкаа на производителите на храна.

Националната федерација на фармери го разгледа третиот пакет на економски мерки каде што има, посебен дел за земјоделството и уште еднаш потенцира дека во пакетот на економски мерки треба да бидат подеднакво опфатени земјоделците. Пакетот повеќе е насочен кон компаниите со посебен осврт на оние од винарскиот и тутунскиот сектор.

НФФ уште еднаш бара во рамките на економските пакети за поддршка да се опфатат и регистрираните индивидуални земјоделци според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои исто така даваат услуги, од кои обезбедуваат доход, а не само регистрираните земјоделци согласно Законот за трговски друштва и Законот за вршење на земјоделска дејност. Регистрираните индивидуални земјоделци имаат право на финансиска поддршка од 14.500 денари за плата за месеците април и мај. Со оваа економска мерка се опфатени само регистрираните земјоделци согласно Законот за трговски друштва и Законот за вршење на земјоделска дејност, а не и регистрираните индивидуални земјоделци според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои исто така даваат услуги, од кои обезбедуваат доход. НФФ бара да се овозможува директно кредитирање без камати и хипотеки од Банката за развој на РСМ и за регистрираните земјоделци согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување , а не компензациони фондови од COVID програмите на Развојната банка  да бидат наменети само за  микро, мали и средни претпријатија.  Оваа категорија на граѓани паушално се оданочени и на крајот на годината паушалниот нето приход е утврден од страна на  УЈП[1]. Токму на ваков начин може да се утврдат загубите, услов за остварување на  правото на искористување на  пакетот на владините мерки во делот на финансирањето на платите.

Платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците е добродојдена и според нас треба да се реализира во јуни, кога започнуваат интензивните земјоделски активности. Мерката за старт ап семејни фарми и винарии е иновативна мерка која треба да приденесе за развој на мали бизниси според Правилниците за мали винарии и Правилниците на АХВ за услови и хигиена за производство и ставање во промет на храната од неживотинско и животинско потекло наменета за директно снабдување, во географско или економски ограничувања, како општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики. За овие правилници и Националната федерација на фармери беше активно инволвирана во подготовката и нивното донесување, како и промовирање пред земјоделците.

Националната федерација на фармери бара сите апликантки кои ги исполниле условите и поднеле комплетна документација за мерката 115 за активен женски член во земјоделско стопанство од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2019 да добијат грант. Во програмата финансии се предвидени за 100 жени земјоделки, а согласно информациите од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој аплицираме 400 жени земјоделки.  До јуни 2020 да бидат разгледани сите апликации за мерката 115 и одобрени оние што ги исполниле условите. На ваков начин директно ќе се поддржат жените од руралните средини, кои се соочуваат со голем број на предизвици во овој период.

„Оваа мерка е посебно значајна за земјоделките посебно сега кога е констатирано од терен дека негативните ефекти од здравствено – економската криза во државата предизвикана од Covid 19 Вирусот влијаат врз жените во руралните средини, бидејќи нивниот обем на работа е сега зголемен и дома и на поле, а нивниот труд и понатаму не е вреднуван. Во првата половина на април НФФ спроведе анкета со жените од руралните средини, која е активност од проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect , така што  85% од жените кои се членки на НФФ (во НФФ челнуваа 175 жени од рурални средини) истакнаа дека сега нивната работа е зголемена и дома и на поле, бидејќи во земјоделството има недостаток на сезонски работници и сами со своите сопрузи и најтесното семејство ги извршуваат активностите на поле, а дома и понатаму целосната обврска е падната на нивен грб.

На крај сакаме да потенцираме дека ставовите на Националната федерација на фармери се изградени врз основа на разговори со своето членство и бараме во целост да бидат цитирани онака како што се напишани од страна на медиумите и одделни лица и да не се користат за одредени манипулации кои се насочени за политички или личен интерес.


[1] Член 31 од Законот за персонален данок од доход http://ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0899/Zakon_za_personalniot_danok_na_gohod_190_od_25_12_2017.pdf

COMMENTS