НФФ:„Работници мора да бидеме погласни“

НФФ:„Работници мора да бидеме погласни“

Средба на земјоделците со ЕУ делегацијата во РМ во Преспа
Промовирање на кратки прегледи на ЕУ земјоделските политики
ЈАВЕН ПОВИК бр. 04/2020 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛАСТЕНИЦИ И СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

“Заедно работиме, заедно постигнуваме успеси и ги
делиме своите предизвици. Работници, без разлика
дали работиме на поле, во маркет, фабрика, институција, болница…. мораме да бидеме погласни и да
се солидаризираме и обединиме во нашите дејствувања.
Среќен Први Мај!!!”
Националната федерација на фармери

Во државата, се уште земјоделството е многу малку вреднувано и ценет трудот на земјоделката и земјоделецот, кои заеднички работат и се трудат заеднички да ја обезбедат егзистенцијата на своето семејство. Пласманот и понатаму останува најголем проблем во земјоделството.
Треба да се почитува договорното производство, согласно Законот за земјоделство и рурален развој!
Овозможување на услови за директна продажби од фарма преку соодветни правни процедури!
Воведување на банкарски гаранции како метода за исплата на откупена количина, онака како што е регулирано во Законот за тутун!
Креирање на политики и мерки кои ќе овозможат развој на регистрираните земјоделци, на кои основна дејност им е земјоделството!
Мерки и иницијативи за поттикнување и зголемување на откупот на домашни земјоделски производи, за да немаме вишок на храна оставена на самото поле!
ОВА ГО БАРАМЕ БИДЕЈЌИ Е НЕОПХОДНО ЗА ДРЖАВАТА!
АКО НЕМА ЗЕМЈОДЕЛЦИ, НЕМА ДА ИМАМЕ ХРАНА И ВЕЌЕ СМЕ СТАНАТИ УВОЗНО ЗАВИСНИ!
СРЕЌЕН ПРВИ МАЈ И ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЌЕ ДОЈДАТ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА ЗА НАС РАБОТНИЦИТЕ!!!

COMMENTS