2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Водичот за лидерство и претприемништво на жените во руралните средини во насока на зајакнување на жените и подобрување на нивниот економски, социјален, образовен и општествен статус, како и јакнење на лидерските способности за поголемо вклучување на жените во креирањето на земјоделските политики и политиките за рурален развој на локално и национално ниво.

Во водичот се опфатени едукативни содржини од областа на родовата еднаквост,  поттикнување за менување на традиционалните вредности, каде што се уште  доминација  има патријархалното воспитување, законските одредби кои ги овозможуваат еднаквите можности, меѓународните правни механизми кои се однесуваат на родовата еднаквост, статистики и анализи за состојбата на жените во руралните средини и пристапот до финансиски услуги. Во рамките на мотивацијата се дадени позитивните искуства на жени од рурални средини и споделено е искуството, резултатите и алатките на заедничко дејствување на жените од руралните средини преку Националната федерација на фармери со поддршка на  проектот „Институционална подршка на НФФ“, поддржан од We Effect.

Автори на водичот се: доц. д-р Ана  Симоновска , доц. д-р Марина Нацка  и  доц. д-р Емељ Туна и м-р Билјана Петровска – Митревска.

Водичот е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ поддржан од Шведската организација за развој We Effect, која во својата стратегија за родова еднаквост ги приоретизира сопственоста, пристапот до финансиски ресурси, економското јакнење на жените во руралните средини како и воспоставување на родовата еднаквост како услов за одржлив рурален развој.

Vodic-za-zensko-liderstvo_za-web_3

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles