Online едукативни сесии за земјоделските процеси и политики во ЕУ

Online едукативни сесии за земјоделските процеси и политики во ЕУ

Објавен е огласот за Млад земјоделец од Програмата за рурален развој
Катастрофална слика во Преспа
Јавен повик бр. 02/2019 за прибирање понуди за набавка на ново патничко моторно возило за потребите на Националната федерација на фармери

Како функционира земјоделството во Европската унија, имаат организиран откуп, се почитуваат законите, дали земјоделците добиваат субвенции и поддршки, како се организирани пазарите, што се тоа заеднички организиран пазар. Оваа беа темите на кои најмногу се дискутираше за време на едукативни сесии за ЕУ земјоделството и руралниот развој, кои се одржаа во седум региони преку  интернет платформата messenger. На средбите присуствуваа 35 земјоделци, а едукативните сесии ги држеа 7 тренери (Иван Вангелов, Фросина Ѓоргиевска, Цана Џуковска, Васка Мојсовска, Благојче Ивановски, Благојче Најдовси, Билјана П. Митревска и администратор Џејлан Велиу), кои претходно добија обука од страна на професорките Александра Мартиноска, Емељ Туна, Ивана Ј. Стаменковска и Ана Котевска. Националната федерација на фармери организира 7 online едукативни средби и тоа во кочанскиот и беровскиот регион, струмичкиот регион, гевгелискиот регион, Македонски Брод, Ресен, Неготино и тетовскиот регион. Средбите се реализирани од Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ поддржан од Шведската организација за развој We Effect.

На самите средби се презентирани ЕУ прегледите подготвени од страна на професори од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, кои се однесуваат на Заедничка земјоделска политика, мерки на заедничка земјоделска политика, организации на заеднички пазари, продуктивноста на фармите во ЕУ.

Имено, Заедничката земјоделска политика на ЕУ се состои од 2 столба . Првиот столб ги вклучува директните плаќања (т.е. годишните исплати на земјоделците за да им се помогне во стабилизирањето на приходите на фармата, во услови на непостојани пазарни цени и временски услови) и пазарните мерки (за справување со специфични состојби при нарушување на пазарот и за поддршка на трговската размена).  Вториот столб се однесува на политиката за рурален развој.

Сумите потрошени за директни плаќања,пазарни мерки и рурален развој варираат меѓу земјите- членки. На пример, Данска има најголемо учество во директните плаќања(83,6% наспроти просекот наЕУ-28 од70,6%), додека Малта покажува најголем удел на плаќањата за рурален развој (71,5%наспроти просекот наЕУ-28од24,3%).

COMMENTS