НФФ оnline едукативни средби за ЕУ земјоделската политика и процесите за европското земјоделство и руралниот развој

НФФ оnline едукативни средби за ЕУ земјоделската политика и процесите за европското земјоделство и руралниот развој

НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во општина Василево
Барања на НФФ за решавање на проблемите со откупот на грозје
25 кг јуфки руралните жени донираа во Дневниот центар за децата со посебни потреби, Домот за деца без родители и Домот за стари лица во Берово

Со цел за подобро информирање на земјоделците за ЕУ земјоделската политика и процесите на европското земјоделство и руралниот развој, Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect, реализира online едукативни средби со своето членство. На самите средби се презентирани ЕУ прегледите подготвени од страна на професори од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, кои се однесуваат на Заедничка земјоделска политика, мерки на заедничка земјоделска политика, организации на заеднички пазари, продуктивноста на фармите во ЕУ. Во реализацијата на едукативните средби се користи алатката „тренери за тренери“, така што земјоделци и вработените лица на НФФ, кои имаа обука од страна на професорките Александра Мартиноска, Емељ Туна, Ивана Ј. Стаменковска и Ана Котевска, ги држат обуките со други земјоделци.

Националната федерација на фармери организира 7 едукативни средби. Во кочанскиот и беровскиот регион, струмичкиот регион и гевгелискиот регион online средбите се реализираа оваа недела, а наредната недела ќе се реализираат во Македонски Брод, Ресен, Неготино и тетовскиот регион.

Ваквите информации се добродојдени за самите земјоделци, посебно сега кога започнаа преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија. НФФ во идниот период посебно ќе работи на оваа поле и во делот на едукација и информација на земјоделците и ќе преземе соодветни активности и стратегии во процесот на лобирањето и застапувањето.

Имено, Заедничката земјоделска политика на ЕУ (ЗЗП, англ. Common Agricultural Policy, CAP) е партнерство помеѓу земјоделството и општеството и помеѓу Европа и нејзините земјоделци.

ЗЗП е систем на програми за поддршка на приходите, уредување на пазарите на земјоделски и прехранбени производи и рурален развој.

Цели на Заедничката земјоделска политика:

  • поддршка на земјоделските производители и нивната продуктивност, обезбедувајќи стабилно снабдување со храна по прифатливи цени
  • заштита на земјоделските производители во ЕУ, во смисла да заработат доволно за пристоен живот
  • помош во справувањето со климатските промени и одржливоуправување со природните ресурси
  • одржување на руралните области и пејзажи низ ЕУ
  • одржување на руралната економија, промовирајќи работни места во земјоделството, прехранбената индустрија и придружните сектори

COMMENTS