Во ова тешка здравствена и економска криза многу е важна солидарноста и точната и навремена информација да стигне до граѓаните. За таа цел Националната федерација на фармери во изминатиот период и во перидот што не очекува во целост ги пренесува одлуките на Владата и државните институции кои се однесуваат на земјоделството и руралниот развој , препораките и барањата на Националната федерација на фармери за земјоделството и руралниот развој и воспоставена е директна комуникација со државните надлежни институции. За таа цел НФФ користи информативниот софтвер во организацијата за праќање на пораки директно до членството, како и веб страната www.nff.org.mk, НФФ facebook страната  и директната телефонска комуникација со Главната канцеларија на организацијата. Од конкретната статистика 8000 земјоделци ги добиле директно  информациите преку НФФ, а 15.000 земјоделци индиректно.

Националната федерација на фармери е во постојана комуникација со своето членство и на самиот почеток на вондредната ситуација го направи првото скенирање на состојбата со земјоделството и влијанието на новонастанатата ситуација во државата, предизвикана од корона вирусот. На почетокот на следната недела следува второто скенирање на состојбата во земјоделството и руралниот развој и НФФ ќе излезе повторно со конкретни препораки за земјоделството и руралниот развој.

Националната федерација на фармери се грижи навремено да пристигнуваат информациите за државните социјални услуги и одлуки на државните институции и до лицата со попречености, старите лица, жените и младите во руралните средини.