Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 09.04.2020 донесе Уредба со која се ставаат во мирување сите рокови и отворени повици за Националните и за ИПАРД 2 Програмата. 
Согласно донесената Уредба, престануваат да течат и роковите за доставување на барања за финансиска поддршка по ИПАРД 2 и по Националните програми за време на вонредната состојба, истите ќе продолжат по престанокот на вонредната состојба. Со носењето на оваа Уредба, престанува да тече процесот за поднесување на барањата и за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата.
 Огласот требаше да биде отворен до 29 – ти април, но, тој рок сега е вон сила. Новиот рок за поднесување на барањата ќе биде дополнително соопштен а истиот ќе зависи од тоа кога би биле тргнати вонредните мерки кои ги носи Владата на РСМ.

Апликантите кои претходно имаат склучено договори со АФПЗРР, за реализација на инвестиции ќе добијат продолжување на роковите кои ќе почнат да течат по завршување на вонредната состојба.

Имено Национланта федерација на фармери уште на 19 март поднесе барање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за продолжување на рокот за аплицирање во ИПАРД програмата и националните програми.