16.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

ЈАВЕН ПОВИК Бр. 01/2020 од 07.04.2020 година ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДИЗАЈН И ПЕЧАТЕЊЕ НА ИНФОРМАТИВНИ, ЕДУКАТИВНИ И ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ НА НАЦИОНАЛНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИ

Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјални и културни интереси и работи на подобрување на пазарните и производствените услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој.

Цел на набавката
Целта на набавката е изработка на информатички, едукативен и промотивен материјал како дел од целите на проектот “Институционална поддршка на НФФ” и предвидените активности. Националната федерација на фармерите ја елаборира следната листа на набавка со цел да се организира набавката. Набавката е дел од Оперативниот план на проектот во согласност со буџетот на проектот за 2020, според Договорот НФФ и We Effect, проект број P9401, потпишан и важечки од 21.12.2018 година, заведен под архивски број на НФФ 01-289 / 2018.
Јавниот повик се спроведува согласно правилата за набавка на добра и услуги на We Effect.

Критериуми за избор на најповолна понуда
Во процедурата за избор ќе се применува критериумот најдобра вредност ( сооднос на цена/квалитет)

Очекувани резултати
Целосна, безусловна и навремена испорака на производите и услугите.

Начин и рок на доставување на понудите
Понудувачите да ги достават своите понуди по електронски пат со испраќање на понудата на следните две е-маил адреси истовремено:
nff@nff.org.mk
dzejlan.veliu@nff.org.mk

Рокот на доставување на понудите е најдоцна до 14.04.2020 година, 14:00 часот

Понудите кои нема да бидат доставени до утврдениот рок и оние кои не се изработени според барањата на Огласот, како и оние кои немаат доставено целосна понуда која се бара во Огласот, нема да се разгледуваат.

Договорот кој ќе биде склучен со добавувачот ќе се применува и ќе важи до 1.05.2021 година

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА

ПроизводОписКоличинаУслуга
Инфографик 1формат A4, две бои, отпечатени на две страни на македонски и англиски јазик400 примероциДизајн и печатење
Инфографик 2формат A4, две бои, отпечатени на две страни на македонски и англиски јазик400 примероциДизајн и печатење
Инфографик 3формат A4, две бои, отпечатени на две страни на македонски и англиски јазик400 примероциДизајн и печатење
Годишен извештај на НФФ 2019Двострано печатена публикација, во две бои, вкупно 16 страници, на македонски јазик од една страна, и на англиски јазик од другата страна200 примероциДизајн и печатење
Тока Име електронско списание -1 издание32 страници, списание во боја на Албански јазик/Дизајн и електронска публикација
Тока Име електронско списание -2 издание32 страници, списание во боја на Албански јазик/Дизајн и електронска публикација
Тока Име електронско списание -3 издание32 страници, списание во боја на Албански јазик/Дизајн и електронска публикација
Тефтери ( брендирани со логото на НФФ)Едноставни тефтери брендирани со порака на НФФ и контакти на организацијата100 парчињаДизајн и печатење
Списание Моја земја- 1 издание28 страни, мултиколор публикација на македонски јазик500 примероциДизајн и печатење
Списание Моја земја- 2 издание28 страни, мултиколор публикација на македонски јазик500 примероциДизајн и печатење
Списание Моја земја- 3 издание28 страни, мултиколор публикација на македонски јазик500 примероциДизајн и печатење
Папки (брендирани со логото на НФФ)Едноставни папки брендирани со порака на НФФ и контакти на организацијата1000 парчињаДизајн и печатење

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles