Изјава на Билјана Петровска – Митревска, раководител на Одделението за развој и лобирање во Националната федерација на фармери за емисијата 360 степени на Алсат телевизија :
„Значајна причина што многу земјоделци се откажуваат или воопшто не аплицираат за европските субвенции е недостатокот на т.н. механизам за гаранција. Услов за секоја апликација за пари од ИПАРД, е барателот самиот да учествува најчесто со 50% од парите во инвестицијата. Проблемот е што кога земјоделец ги нема тие пари, тешко може да се позајми. Се најавуваше гарантен фонд дека и овој период ќе профункционира, но се уште не е профункциониран и од друга страна ја имаме недовербата и комуникацијата помеѓу земјоделците од една страна и банките од друга страна. Се уште земјоделското земјиште во поголем број од регионите на државата не е високо вреднувано заедно со имотот и нормално дека тука банките не гледаат интерес да даваат кредити на земјоделците. Банките укажуваат дека ако влеземе во финансиска криза, влезе тој земјоделец ќе го земеме тракторот, а вака имотот на село, на куќа не им е високо вреднуван. Додека се чека на државен гарантен фонд или разбирање од банките, Националната федерација на фармери бара државните институции да соработуваат подобро за другите проблеми. На пример, државата да биде искрена кои критериуми можат да се исполнат кога седнува да ги преговара условите со ЕУ. Најголем проблем тука се градежните дозволи, ако сака да се обновува некој објект, да се набави преработувачка опрема или каква било дополнителна инвестиција и ако сака нешто да се гради, треба да се набави градежна дозвола, која се уште е тежок процес за земјоделците. ДУП-овите се уште за селата се голем проблем и предизвик нормално за самите власти, односно локалните општини, тоа треба посебно да се работи во рамките на општините.“