Заштита на овошките и лозовите насади  од  мразеви

Заштита на овошките и лозовите насади од мразеви

НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во с. Самоков
Мерка 115 за активен женски член во земјоделско стопанство
НФФ „добра практика“за родова репрезентативност и внатрешна демократија во Извештајoт за транспаретнонста и отчетноста на граѓанските организации на МЦМС

Пишува: Дип. инж.агр. Ламбе Куциновски, АПРЗ – Струга

Заштитата на јаболката од абиотичките фактори се сведува најчесто на мерките  за борба против доцните пролетни мразеви и слани,удар од град.Овие појави,можат да направат големи штети на насадите со јаболка и лозјето.Покрај овие фактори врз развојот и животот на јаболката, имаат големо влијание и екстремните температури, преголемата инсолација, ветер,снег,отровни гасови и др.Доцните пролетни мразеви во овие наши географски широчини се чести, зошто јаболкото  започнува со фенофазите на листење, отварањето на цутовите и цутењето како и заврзувањето на плодовите,во текот на април и првата  половина на мај, а во повеќегодишниот низ на следење на оваа метеоролошка појава на задоцнети мразеви,говори дека тие, може да се јават и до средината на мај.Тоа значи дека најчуствителните годишни фенофази на развиток на јаболката се загрозени од мраз.

Доцните пролетни мразеви можат да настанат на два начина:

1.Сорадијација во текот на тивките и ведри ноќи и

 2.Со продор на студена воздушна маса(конвекција). Доцните пролетни мразеви можат да направат големи штети уништувајќи го родот во целост или делумно,зависно од положбата на насадот,чуствителноста на сортата(како на пример розе,делишес,старкрипсон,ајдаред,ричаред и др)

Критичните температури за тукушто отворените цутови се движат помеѓу-1,7°С-

-2,2°С,а за младите тукушто оплодени плодови од -1,1 до -2,2°С.

МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ДОЦНИТЕ МРАЗЕВИ

Се преземаат  индиректни или превентивни,во кои спаѓаат: избор на положбата на насадот,избор на отпорни сорти,сорти кои покасно цутат,избор на подлоги кои го успоруваат потерувањето,односно цутењето,загрнување со снег околу овошката,и со прскање хемиски средства-хормони(200грама нафталин оцетна киселина на 100 литри вода) во месец јули,претходната година.Сите овие мерки ја намалуваат опасноста,но не ја обезбедуваат потполната заштита.

Постојат повеќе методи и на директни мерки за борба против пролетните мразеви а тоа се :зачадување, раздвижување на воздухот,затоплување,со вештачки дожд и со наводнување.

Со зачадување се создава облак од чад врз површината која треба да се заштитува,покачувајќи ја температурата за 0,5°С до 1,5°С. Tоа често пати е доволно да се прескочи критичната температура.За создавање на чад се користат разни органски отпадоци,кои бавно горат и создаваат многу чад. Однапред подготвениот материјал за зачадување,се поставува шахматно низ насадот и според потребата, околу полноќ се пали.

Слично на оваа мерка, овошките и лозовите насади можат да се заштитат и со затоплување на воздухот,што е многу посигурен метод меѓутоа е и поскап.Во специјални печки (од 100-200 броја по ха) распоредени низ насадот,се полнат со брикети од јаглен кокс мазут или масло за горење,метан-бутан гас, и тие се палат и горејќи,зрачат топлина,која може да ја покачи температурата(од4-8°С) низ насадот.Место специјални печки,можат да се искористат стари метални кутии,кофи и сл.Со раздвижувањето на воздухот во насадот,со помош на силн вентилатори,температурата во насадот се покачува за 1,5-2°С.Со комбинација на зачадување и силно раздвижување на воздухот се постигнуваат задоволителни резултати.

Со помош на вештачки дожд, исто така може да се помогне кога температурата ќе падне на 0°С до 1°С. Машините и распрскувачите(микроспринклери-ситни капки) треба да работат се додека постои опасноста од мраз.Со дождот се ослободува топлина(80сal на 1грам замрзната вода) која ги штити овошките-пупките,цутовите и плодовите од мраз.Потребното количество вода за дождот ќе зависи од температурата на воздухот.Со 2мм/час (20м/час) дожд,температурата ќе се покачи за 2°С, со 4 мм-за 3,4°С, додека со 6мм за 4,5°С.Секоја ротација на распрскувачот треба да се изврши за 1 мин.Дождот може да престане откога мразот од растението ќе почне да се топи.Со наводнувањето се зголемува релативната влага на воздухот( а тоа е обратно пропорционално на температурата на воздухот) и на тој начин се намалува опасноста од доцните мразеви.

COMMENTS