Националната федерација на фармери со допис го информира Оливер Спасовски – премиер на Владата на РСМ, Трајан Димковски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и директорите на АХВ, АПРЗ, АФПРРЗ и АПРЗ дека на располагање ги става своите ресурси и капацитети во насока на поддршка на земјоделството и руралниот развој за справување со Корона Вирусот во државата и ја поздравува вчерашната одлука на Владата дека Министерството за земјоделство треба да соработува со НФФ во делот на излегување во пресрет за решавање на проблемите и предизвиците во земјоделството и руралниот развој поврзано со оваа кризна ситуација. НФФ ќе продолжи да ги пренесува информациите на Владата во целост до земјоделците и руралното население преку своите медиуми и комуникациски канали .

Во прилог го доставуваме целосното писмо доставено до релевантните институции:

До:

г-дин Оливер Спасовски, Претседател на Влада на РС Македонија

г-дин Трајан Димковски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

г-дин Николче Бабовски, Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

г-дин Зоран Атанасов, Директор на Агенција за храна и ветеринарство

г-дин Елгафар Јусуфи, Директор на Агенција за поддршка и развој на земјоделството

Предмет : Информација за соработка, координација и поддршка во делот на справување со проблемите и последиците во земјоделството и руралниот развој предизвикани од состојбите со Корона вирусот во земјата

Почитувани,

Во овие исклучително тешки околности за нашата земја, неопходно е во надминување на проблемите и задржување на основните функции на системот сите да ги ставиме на располагање сопствените капацитети.  Уште повеќе, земјоделството е клучниот сектор во делот на обезбедување на храна, како еден од најважните ресурси во овие услови.

Земајќи во предвид дека и пролетта значи отпочнување на земјоделската сезона, неопходно да бидат обезбедени сите услови за непречено одвивање на производството и поддршка на земјоделците во овој процес.

Националната Федерација на Фармери (НФФ) го препознава овој момент  како еден од најтешките во нашата историја, но и еден од најголемите предизвици за земјоделството.

Од тие причини НФФ ја става на располагање својата мрежа на членство за споделување и добивање информации од терен за потребите и проблемите со кои се среќаават земјоделците.

Истовремено во делот на информирање, НФФ ги нуди на располагање својата социјална мрежа, веб страната и СМС системот за известување за споделување на сите информации.

Дополнително сите тековни податоци кои НФФ ги собира од терен, а се однесуваат на пречките и проблемите за непречено одвивање на земјоделските активности, НФФ ќе ги сподели и со надлежните државни институции во натесна соработка со Министесртвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во насока на брза интервенција и нивно отстранување.

Заради непречена комуникација, координација и соработка ве молиме за секоја потреба, барање и информација да не контактирате.

Се надеваме дека само со одговорно однесување, дисциплина и заеднички труд ќе успееме да ја надминеме ова тешка криза.

Лице за контакт

Билјана Петровска – Митревска

Проект менаџер НФФ

тел: 076377405

mail: bile_pet@yahoo.com ,

 biljana.petrovska@nff.org.mk

Со почит,

Васка Мојсовска с.р.

Претседателка на Националната

федерација на фармери