Васка Мојсовска, претседателка на Националта федерација на фармери е една од петте жени наградени од Здружението на граѓани за промоција на женската активност Tiiiit! Inc. за жени-херојки од нашето секојдневие. Мојсовкса е номинирана од страна на Националната федерација на фармери за нејзино активно дејствување во рамките на организација и заедно со голем број на рурални жени, членки на НФФ и активистки успеа да го подигнат гласот на руралната жена во општеството и да се види важност и продуктивноста на жената во руралната средина, а не и понатаму да биде невидлива потпора во општеството. Преку НФФ Мојсовска ја промовираше Декларацијата за подобрување на економската и социјалната положба на руралните жени, која е потпишана на Меѓународниот ден на руралната жена во 2018 од страна на НФФ, МРР, Министерството за земјоделство, Министерството за труд и социјална политика.
Васка заедно со други жени од руралните средини и со подршка на НФФ и We Effect гласно зборуваа за проблемите и предизвиците на руралните жени и со заедничко дејствување во мај 2019 од страна на Владата на РСМ се отстранети дискриминаторните критериуми (жената да има 1 дете, да е мажена, невработена, да живее на 800 метри надморска височина во населено место со 200 жители) од мерката 115 наменета за активен женски член во земјоделско стопанство од Државната Програма за финансиска поддршка за рурален развој. Таа и НФФ се залагаат за измени на Законот за здравствено осигурување со цел остварување на правото на родителско отсуство и боледување на земјоделки/ци кои плаќаат придонеси. Нејзина иницијатива е формирањето на фокус група во Тимјаник од рурални жени кои живеат во сиромаштија (дел од нив се жртви на семејно насилство) и преку едукација на НФФ со поддршка на Шведската организација за развој We Effect започнуваат со производство на маџун, а Мојсовска ги вработува во семејната фирма Агро Калем за производство на овошни и лозови садници.
Имено Тиииит! Инк за прв пат оваа година организира доделување на WoW награди за жени-херојки од нашето секојдневие. На повикот објавен во периодот од 12 ноември 2019 – 12 јануари 2020, беа номинирани 33 значајни и незнајни жени и девојки од РС Македонија, кои дале значаен придонес за родна рамноправност, праведност и социјална правда во својата поширока или потесна заедница
Петте жени добитнички на наградите се:
Енисе Демирова, Ружица Јосифовска, Ирена Поповска, Наташа Бошкова и Васка Мојсовска.
Иницијативата за WoW наградите е всушност дел од проектот Жени за жени или Women on Women (WoW) кој претставува партнерство на Тиииит! Инк. со Mesto žensk (City of Women) од Љубљана, VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин
НАЦИОНАЛНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИ ИМ ЧЕСТИТА НА СИТЕ ДОБИТНИЧКИ НА НАГРАДИТЕ ЗА ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ И ОВА Е САМО ЕДЕН ПОТТИК ЗА ВАКВИТЕ ДЕЈСТВУВАЊА ДА ПРОДОЛЖАТ ПОНАТАМУ.
ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ
ЗАЕДНО МОЖЕМЕ МНОГУ ДА ПОСТИГНЕМЕ