Кои се предизвиците и проблемите на младите и жените во руралните средини и на што конкретно треба понатаму да работиме заеднички, се разговараше на вчерашната работилница организирана со претставници и претсавнички на Мрежата на млади фармери и Мрежата на жени фармери вчера. Токму овие насоки НФФ ќе ги искористи за понатамошно дејствување во своите активности. На настанот присуствуваа 23 претставника и е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ подржан од We Effect.