Започнување со подготовките за Генералното Собрание на НФФ кое ќе се одржи во април 2020, усвојување на извештаите (финансиски и наративен за 2019 и 2020 година), разговори и планирања на активности за тековните земјоделски проблеми, освојување на родовата политика на НФФ и новиот изборен модел на организацијата. Ова се главните точки за кои се дискутираше денеска на состанокот на Управниот одбор на НФФ.
Имено НФФ изминатата година работеше на подготовка на Родовата политика во соработка со експертката Гордана Несторовска и целиот процес беше подржан од страна на Шведската развојна организација We Effect.