Во Културниот дом на општина Босилово беше одржана работилница за примена на пристапот базиран на човекови права HRBA за лицата со попреченост, на која учествуваат претставници од општините Босилово и Василево, како и од Заводот во Бањско. На работилницата беше презентирана анализата за правата и потребите на лица со попреченост од рурални средини. Присутните изразија надеж дека проектните активности ќе ја подобрат инклузивноста на лицата со попреченост во руралните средини и ќе влијаат на подигнување на јавната свест кај руралното население за прифаќање на лицата со попреченост. Работилницата е дел од проектот “From Disability to FoodAbility” , кој се имплементира од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.