12.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Работилница за примена на пристапот базиран на човековите права за лицата со попреченост во општина Чешиново-Облешево

Пред претставници од различни институции и организации во општината Чешиново – Облешево се одржа работилница за примена на пристапот базиран на човековите права за лицата со попреченост. На работилницата беше презентирана и анализата за лицата со попреченост во рурални средини. Присутните истакнаа дека капацитетите на дневните центри во овој регион се мали и поради ограниченоста со превозот, лицата со попреченост од руралните средини не можат да доаѓаат во овие центри. Потребна е едукација и информираност за да се надминуваат стереотипите за лицата со попреченост. Работилницата е дел од проектот “From Disability to FoodAbility” , кој се имплементира од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,989FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles