Работилниците со институциите и невладините организации во Лозово на кои е презентиран пристапот базиран за човековите права за лицата со попреченост

Работилниците со институциите и невладините организации во Лозово на кои е презентиран пристапот базиран за човековите права за лицата со попреченост

Добро утро од Будинарци
Работилница за примена на пристапот базиран на човековите права за лицата со попреченост во општина Јегуновце
Нфф Предлози за Развој на Земјоделството 2018-2022

Започнаа работилниците со институциите и невладините организации на кои е презентиран пристапот базиран за човековите права за лицата со попреченост и наодите од анализата за лицата со попреченост од руралните средини, изработена од професорките на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. Првата работилница е во општина Лозово и е во организација на општина Лозово и Националната федерација на фармери. Имено активностите се дел од проектот “From Disability to FoodAbility” со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. 

Проектот има за цел да ги поттикне семејствата да ги развијат своите знаења и вештини  во однос на своите основни права со цел пред носителите на националните политики да бидат во можност да лобираат за:

  1. нивно вклучување во процесите на донесување одлуки ;
  2. зајакнување на мерките за поддршка на локално ниво; и
  3. подобрување на политиките на национално ниво.

 Целната група на проектот ја сочинуваат најмалку 60 лица со попреченост како и нивните семејства, односно  најмалку 250 лица. Покрај тоа, 150 луѓе кои живеат во рурални области ќе бидат обучени за застапување, односно разбирање на правата и потребите на лицата со попреченост. Дополнително, преку комуникациските канали на НФФ ќе бидат информираниповеќе од  10.000 лица.

COMMENTS