Претставници од повеќе асоцијации на земјоделци и земјоделски задруги од Република Србија  ја посетија Националната федерација на Фармери. Менаџерот за членство Благојче Најддовски ја презентираа работата на организацијата. Гостите изразија подготвеност за идна соработкa со НФФ  и споделување на искуства.Тие истакнаа дека треба да се работи многу во подобрувањето на квалитетот на животот на руралните жени и гледаат дека се исти со предизвиците на жените во руралните средини во Македонија. Во Република Србија само 16%  од вкупното обработливо земјиште е во сопственост на жени земјоделки,  60 % од руралните жени во Република Србија  немаат пензиско осигурување и земјоделските пензии во Република Србија изнесуваат симболични 91 евро на месечно ниво.