40 млади земјоделци присуствуваа на Годишниот состанок на Мрежата на млади фармери на НФФ, кој се одржа во Скопје. На самиот почеток им беа презентирани активностите кои НФФ ги имплементира во рамките на проектите „Институционална поддршка на НФФ“ и „From Disability to FoodAbility”, подржани од We Effect. На самиот почеток се гледаше и филмот на националната шведска телевизија Radiohjаlpen направен за лицата со попреченост во Македонија. Гоце Димовски, Лазе Ѓорѓиевски, членови на НФФ ги презентираа позитивните искуства од студиската посета на младите фармери во Србија реализирана во летниот период оваа година. Невладината меѓународна организација Млади инфо ги презентира финасиските можности кои ги имаат за мадите фармери. На самиот состанок е подготвен план на активности за Мрежата на млади фармери за 2020. Во наредниот перидо НФФ ќе работи на поголем развој на оваа мрежа . Состанокот е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, подржан од Шведската развојна органзиација We Effect.