НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Берово

НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Берово

Ефективни, а не дискриминаторни мерки за руралните жени во земјоделските и руралните политики и програми
Работен состанок со Агенцијата за храна и ветеринарство
Женско претприемништво неискористен извор за економски раст

Стереотипите , предрасудите, дискриминацијата се едни од пречките за подобрување на економскиот и социјалниот статус на руралните жени. Затоа, се важни овие трибини, здружувањето каде што јакне гласот на земјоделците и земјоделките. Треба да ги подржуваме младите, да се дава можност во поголемо нивно одлучување во семејното земјоделско стопанство, да ги поттикнуваме жените поактивно да бидат вклучени во земјоделството и да се валоризира нивниот труд. Ова го потенцира Светлана Трифуновска ,локална кординаторка на Мрежата на жени фармери во НФФ за малешевскиот регион на денешната едукативна трибина за родова еднаквост. Во рамките на трибина од страна на Билјана Петровска – Митревска од НФФ беше споделена информацијата за мерката 115 од Програмата за финансиска подршка за рурален развој која е наменета за земјоделско стопанство чиј носител е жена, упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се однесува за инвестиции кои ке го подобрат земјоделското производство и ја олеснуват работата и го подобруваат квалитет на преработките од примарните производите. Аплицирањето е до 26.11.2019 НФФ ги советуваше земјоделките во подготовката на своите бизнис планови да се обратат директно до АПРЗ, АФПЗРР и подрачните единици на МЗШВ.
На самата средба присуствуваше и Емилија Пачемска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на општина Берово која информира дека во наредниот период општината ќе реализира обуки во делот на родовата еднаквост и претприемништво со посебен акцент на жените од рурални средини. Средбата се одржа во општина Берово во органзиација на Националната федерација на фармери со подршка на Шведската организација за развој We Effect.

COMMENTS