НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Кочани

НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Кочани

Сите предлози на Националната федерација на фармери прифатени и усвоени како заклучоци на седница на Собраниската комисија за еднакви можности на мажите и жените.
Националната Конвенција за Европска Унија на Република Македонија
Подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште

Едукативна трибина за родова еднаквост се одржа денес и во Кочани, каде што посебно се зборуваше за семејното насилство и дискриминацијта и Законот за еднкави можности. „Ние мора заеднички да се бориме против стереотипите и предрасудите и да не дозволиме нашите ќерки да го трпат она што ние сме го трпеле со години. Важна е соработката со општините, посебно со Комисијата за еднакви можности и воедно бараме и во нашите села каде што има слободни општински простории да можеме ние жените да ги користиме и преку разговори и заеднички активности ќе си помагаме едни на други“, потенцира Ружа Стојмилова, локален кординатор на Мрежата на жени фармери во НФФ за кочанскиот регион преку својата презентација за родова еднаквост. На средбата е презентирана мерката 115 „Поддршка на активен женски член во земјоделското домаќинство“ како дел од Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој“ за периодот од 2018 до 2022 г. Со оваа мерка се доделува до 180 илјади денари еднократна и неповратна финансиска поддршка за инвестиции што ќе придонесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС. Мерката придонесува кон родова еднаквост и кон промовирање на принципот на недискриминација. Билјана Петровска – Митревска од НФФ потенцира дека критериумите на мерката се дефинира од страна на кординативната група во МЗШВ во која учествуваат претставници од НФФ,МРР, АПРЗ, МЗШВ, АФПЗРР,МТСП, Факултетот за земјоделски науки и е подржана од UN Women.
На средбата во Кочани присуствуваше и советничката Валентина Андонова од Комисијата за еднакви можности која укажа на кампањата „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“ и апелираше до сите што трпат насилство треба да се охрабрат и да го пријават насилникот.
Средбата е организирана во општина Кочани од страна на Националанта федерација на фармери подржана од Шведската организација за развој We Effect.

COMMENTS