КОРИСНИЦИ

За проектите од мерка 115, потенцијален корисник е земјоделско стопанство чиј носител е жена, упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:

Физички лица:

  1. Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
  2. Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
  3. Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;

Правни лица:

  1. Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
  2. Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;

НАПОМЕНА:

-Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското

стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат

да го направат во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство.

КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ И

МАКСИМАЛНА ВРЕДНОСТ НА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ.

  1. Подносителот на барањето да е жена носител на земјоделското стопанство и
  2. Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.

ВИСИНА НА ПОДДРШКА

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 180.000,00 денари.

Цели на мерката (критериуми)

За да биде прифатливо барањето, барателот треба да добие најмалку 50 бода.

  1. Барателот да е регистриран со земјоделство како примарна дејност и е носител на земјоделско стопанство пред влегување во сила на овој правилник (25 бода).
  2. Барателот да е регистриран со земјоделство како примарна дејност и е носител на земјоделско стопанство по влегување во сила на овој правилник (15 бода).
  3. Барателот да е регистриран како индивидуален земјоделец согласно Законот за вршење на земјоделска дејност (25 бода).
  4. Барателот да е регистриран како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување (25 бода).
  5. Барателот да има остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска

дејност до износот на годишниот нето износ на минимална плата за претходна година (5 бода).

  • Барателот да има остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност до износот на годишниот износ на минимална основица за пресметка и плаќање на придонеси од социјалното осигурување (5 бода).
  • Барателот да е евидентиран во Единствениот регистар на земјоделски стопанства како физичко лице со примарна земјоделска дејност (20 бода).
  • Барателот да покаже сопствено учество во инвестицијата (5 бода).
  • Барателот да е член на здружение или земјоделска задруга или на локална акциона група (5 бода).
  • Барателот да е помлад од 40 години (5 бода).
  • Активностите од деловниот план да се одвиваат во подрачја со ограничени можности (5 бода).
  • Барателот да е самохран родител (10 бода).

Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2019

  1. Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за електронско поднесување на барање на e-baranie.ipardpa.gov.mk за мерка 115 (барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано од страна на поднесувачот на барањето).
  2. Понуди/профактури со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со потпис и печат) (Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски јазик заверени од овластен судски преведувач).
  3. Деловен план – изготвен согласно Упатсвото за изготвување на деловен план.
  4. Решение за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
  5. Годишна даночна пријава (УЈП).
  6. Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус – самохран родител.
  7. Потврда од Фондот за инвалидско и пензиско осигурување за лица регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Прифатливи трошоци за Мерка 115 од Програма за рурален развој

Прифатливи трошоци:

Набавка на опрема за постбербени активности, преработки на фарма и директен маркетинг на фарма:

– Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти растенија;

– Житарици, мелнички производи и производи од скроб;

– Растителни и животински масла и масти;

– Шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет, маџун и др;

– Месо и месни производи;

– Млеко и млечни производи; (вклучувајќи јајца и живина)

• Опрема за прием, собирање и чување.

• Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали.

• Опрема за пред-ладење, ладење и замрзнување.

• Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.

• Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.

• Резервоари, танкови.

• Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување.

• Опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање.

• Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи.

• Опрема за сечење и откостување.

• Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот.

• Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција.

• Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање.

• CIP опрема (“clean in place”).

• Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна, сместување на животните пред колење

• Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи.

ОПШТИ ПРИНЦИПИ

Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година. Корисникот на Програмата, во целост е одговорен за реализација на инвестицијата. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво.

Корисникот на средства по Мерка 115 може да поднесе барања по други мерки од Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и постапката за доставување на барања по други мерки се уредува во согласност со Програмата. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за 2019 година.

ОСТАНАТИ ПРИНЦИПИ

· Принцип на единечно финансирање – Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година финансира типови на инвестиции кои не се финансираат од други грант фондови, од Буџетот на Република Македонија или други фондови од донаторски или финансиски институции, а се со цел да се избегне двојно финансирање на самата инвестиција.

· Принцип на грант – Поддршката по овој основ подразбира доделување на неповратни финансиски средства (грант) од Буџетот на Република Македонија.

Примероците од ова Упатство заинтересираните можат да ги подигнат директно во:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20

(зграда на Македонија Табак блок Ц )

1000 Скопје

електронска верзија на пакетот за аплицирање на веб-адресата на Агенцијата:

www.ipardpa.gov.mk

Крајниот рок за доставување на барањата е 26- ти декември 2019 – та година.