НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Гостивар

НФФ едукативна средба за човекови права и родова рамноправност во Гостивар

Изложба на мед и пчелни производи во Кочани
Во ек се одвива жетвата
НФФ:Изменетата мерка од четири годишната Програма за рурален развој и земјоделство е недискриминаторна , развојна и ќе ја следиме имплементацијата

Одржана едукативна средба за родова еднаквост во руралните средини во Гостивар, каде што беше потенцирано дека вакви дискусии, размена на искуства и подршка може да помогнат во надминување на традиционалните навики и стереотипи кои влијаат негативно на развојат на жената во селата. Жените земјоделки истакнаа дека ќе аплицираат на мерката 115 за подршка за активен женски член во земјоделското домаќинство од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој во 2019 година. Едукативните средби се организираат од Националната федерација на фармери, а се подржани од Шведската организација за развој We Effect. Презентери на обуката беа Васка Мојсовска, претседателка на НФФ и Акизе Ризванче, членка на НФФ кои претходно стекнаа знаење на обука за родова едкавост организирана од Шведската организација за развој We Effect. 

COMMENTS